Бавчи

Бавчи: Бетмен - Здраво Боби

Многу посреќен би бил кога наместо споменик на Мајка Тереза, сестрите на милосрдието и болните кои ги лечеле имаме празна ледина со една мала табла на неа на која ќе пишува: „Овде требаше да има споменик на Мајка Тереза кој чини 8 милиони евра. На место тоа, одлучивме парите да ги вложиме во изградба на центри за лекување на најсиромашните во кои сите почитувачи на нејзината мисија, сите хумани луѓе, доаѓаат и се борат за животите на оние меѓу нас на кои човечката добрина им е повеќе од потребна".

Почнуваме од  минус 17. Имаме 365 дена фора за да дојдеме до позитивна нула. Let's kick some ass.

Додека жолчно се бориме за да пронајдеме коски од пред 2 милениуми за да ги забетонираме пукнатите темели на националната самопочит, оние кои гинеле за истата оваа земја, помалку или повеќе независна Македонија, се третирани како што не би требало да се третираат коските и на најголемите душмани на нашата земја и сите луѓе кои живеат во неа.

Чим ситна роса заросит, Плитвички езера се слушаат од Синѓелич до Ѓорчета. Чаре?

Демек, лето, па мора човек да одмара. А на лето секогаш ми е најгужва во глава, што е и логично бидејќи сум од Охрид и за разлика од градот бројот на посетители кај мене е одличен. Само, нема слободен кревет бидејќи издавам само еден. А тој е зафатен.

Светското првенство во фудбал започна во ист ден со најавата дека после 40-дневниот пост финиширан со соодветна причесна кај Васе Амзо во Сарај послужена од протоѓакон Трендо, своето првенство во редење црни букви на бела основа пишувајќи на бели букви на црна основа (ама добро опишав тастатура, пишкуматер) го започнува и мојата маленкост (шо немат врска ваљда со Маленко и дек сме сограѓани).

Сериозно, како може некој уште да наседнува на една масонско-комунистичка, атео-феминистичка, шови-капиталистичка и анти-библисконародна безобразна лага ко таа дека Александар е снебитен? Лаѓетина! Па кој разумен патриот верува дека Александар Велики III Maкедонски е мртов, завршен, капут? Дека филмот му завршил и дека на неговата одјавна шпица 2300 години до ден денес се листаат нашите имиња?

Пост-изборие во Македонија. Шок, траор и неверица. Нека не ве лаже привидната слика дека некој е во екстатично славје, а други во паничен траор. Тоа се само првичните симптоми на она што го искусуваат сите учесници во изборниот процес: пост-изборна депресија. Има ли лек? Не се баборадувајте, Бетменџи ви го знае чарето. Бујрум.

Осеќам дека му е баш безвезе кога ќе те види како се плашиш од себеси и како не си ја раниш душата со убави нешта, правејќи работи кои мислиш дека треба да ги правиш за да задоволиш критериуми кои други ги поставиле за апсолутни на патот за некаква умислена реализација на улица и во канцеларија, на тротоарите ко модни писти или на бескрајно досадните состаноци. Можда и му се прилошува и му доаѓа да бапне 2-3 ракии кога ќе те види како си сав незадоволен од све живо и диво: системот, комшиите, шоферите, владата, младата, фрижидерот, режисерот, од сè што не ти го исполнува со квалитет времето кое треба сам да си го исполниш со она што е најдобро за тебе.

Раде може да го реновира хотел „Палас" во Охрид свирејќи му од кајче. Риби се полеваат со лимон и се самозапржуваат кога ќе влезе во рибарница. Ако ја исвири „Ја излези Ѓурѓо" пред утакмица на Градски, Бразилците може само да се надеваат дека ќе победат ако Раде се повреди. А тој е направен од титаниум.

Сериозно наближува еден животоопределувачки ден за судбината на кревка независна Македонија: Претседателските избори. Така да време е да се уозбилиме бидејќи државата чека на нашите идеи и ете во наредниов период ќе поработиме на тематиката со цел да створиме јасна слика за претседателски прототип кој ќе не избави од лукавиот и ќе биде родител-старател на нацијата во наредните 5 години што значи дека со нас ќе биде кога ќе гледаме тв програми за кои се препорачува надзор, ќе не тера да му хухаме навечер кога ќе си дојдеме дома и ќе не воспитува да стануваме на постари во автобус...

Пред десеттина дена изби пожар во еден дел на студентскиот дом „Гоце Делчев". Втор пат во две години. Мојот детективски аналитичен нос веднаш влезе во „CSI: Goce Pa Ni Go Otepaa" расположение и започна да ги намирисува причините поради кои се јавува жар во студентските кругови. Аналитиката ми ја олесни она што се случи ден потоа...

Поминаа неколку тешки, траорни тмурни денови после историската изјава на Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски , формулирана во Закон за забранување употреба на знамето со Сонцето од Кутлеш .Либералите во Македонија уште еднаш покажаа и докажаа дека се...

Какво време дојде... eсенско. Да не може човек раат да настине. Искрено се понадевав дека шмрчкањето со носот и чувството како бумбар да играл пајдушко на музика од Продиџи околу твоите синуси се доволни за на рецепта човек да изнуди терапија од типот Итно зафаќање моржовска поза во максимално инертно стање кое може да се промени во три случаи: ако Гринпис дојде да ме спаси, ако Дискавери дојдат да снимаат документарец за моржови или комбинирано, ако Дискавери снимаат документарец за заложниците од Гринпис кои гњавеле еден задреман морж. Ама ѓаволски сум се зафркнал. Зен-раатот и болувањето во осама ми го прекина сеизмолошката опсерваторија на Македонија која регистрираше ваква вест: „МПЦ забрани Фејсбук". Ctrl+S, Боже...

Го разлистував малку стариот материјал. Знаев дека отприлика помина една (цела, нели) година од свеченото пуштање во употреба на новата бавча на офф.нет.мк која Владата на Трендоленд одлучи да ја ослови со универзалното поздравително мото „Здраво Боби"...

Така да, јас ќе ти кажувам, а ти не мора да ме слушаш ако читајќи од кого доаѓа, со презумција на апровинцијалност ти се потслошува на кажаното. Да се изразам со речник на еден доктор по философија: тоа ти е исто како женско стенкање при секс. Ако доаѓа од под тебе, си лудо среќен. Ако доаѓа од кај комшиите, си окезен и радознал. Али ако доаѓа од собата на сестра ти, ставаш слушалки и пушташ Пантера до даске. И 10 години подоцна пцуеш луѓе на нет.

Добро де... Македонија изгуби од Црна Гора во премиерниот меч на Европското првенство. Проблем? Нема. И минатиот пат го сркнавме од Црногорците на старт, па после, како што веројатно би рекол повторно пара-психотропно емотивно стимулираниот Игор Трпевски, „го направивме она што Александар не успеа, а му беше сон, тргнавме на Запад" и стварно им се потпишавме на гради на дамите во пола Европа.

Немал панцир, тврдам дека немал, но и да имал, го оставил дома. Не му требал панцир. Не сега, не денес. Во некои битки се гине само еднаш. А оваа е таква битка. Го спремил полицискиот шмајзер кој засјаал на секунда под падот на сончевите зраци во една куќа неколку километри до местото на веселбата, пред да го стави под пазуви, под палтото со еполети. Ја облекол униформата, ја наместил капата. Гледајќи се во огледало, се насмевнал: „Сега или никогаш. Јас или никој. Тука или никаде. Таа е моја. Ќе си ја земам“.

Ако на Питу и Карев им беше лесно да се борат против Турците, ако Александар и Филип немаа гајле да влезат во ринг со Грците, ако Ченто и соборците со задоволство прогласија победа над германските фашисти, новата генерација во фамилијарното дрво на славните херои од историјата има реален проблем: нема против кого да се бори и да ја оживее македонската слава.

Ако ова беше писмена работа на тема „Катастрофалниот земјотрес во Скопје" веројатно петтооделенецот јас ќе ја започнеше со „26-ти јули 1963 година, датум запишан со црни букви во срцето на секој Македонец...". Бидејќи не е писмена работа а јас не сум стигнал до петто оделение (на интернет сите имаме по 10 години), излагањето по темата ќе го започнам со едно реторичко прашање: Драго Скопје, дали земјотресот некогаш ќе престане?

Имајќи предвид дека државниот врв доживува многуилјаден евро стрес по ова прашање, сметам дека света должност на секој искрен љубител на името Македонија, на републиката вон пламен и на нејзините секси планини и врели потоци, е максимално сериозно да се заангажира во насока на решавање на конфликтот со нашиот новонаречен Јужен Сосед кого во името на Перикле ќе си го ословувам како сакам, ама за почеток по уставно - Грција. Шо се римуват со ракија и е скроз супер ради то...

Ја сакам Македонија. Со цело срце ѝ ги сакам доматите кои ги раѓа околу Сарај па Васе Амзо прави салата каква немале ни на тајната вечера. Пази, да имале такво мезе Исус и екипата, така ќе се заракијале што Јуда немало да може да стане од софра за да си ја оствари предавничката карма. Ботом лајн, опијанет ќе кажел што планира па ќе го згрбавеле од ќотек апостолите и Бог немаше да ни е лут цели два месеци после тоа. Али нема такви патлиџанчиња во Ерусалим, нема...

Со сите комшии генерално сме на пцуење мајка по многу точки од дневниот ред, бидејќи дневниот ред во недостаток на суштински егзистенцијални проблеми на микро и макро ниво (фамилија, држава) и хармонија во сите сфери, останува да си пополнуваме време со т.н. национални прашања. Бугарите признаваат држава, не признаваат народ (кај нив де) и јазик, Грците не признаваат ништо живо (ко лоши деца фатени со размачкана уста покрај празна телга еурокрем), Србите се генерално по-океј мимо Прохор Пчињски и еден мал детаљ од Министерството на Дедо Боже. Е, за разлика од нив, Албанците се шампиони...

"Со пет фрлени јајца по оние кои сакаат да рушат цркви не може да се нахранат сиромашните, но со едно Порше Карера во какво е сликан Отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии" стои во реакцијата на Веритас, здружението кое неколку дена по ред протестираше пред општина Центар, бранејќи ја православната вера пред „талибанскиот хват" на новиот шеф на општината Андреј Жерновски. И сè е јасно околу оваа ситуација, нели?

Како и секоја револуциогена активност низ светот, и најновата турска драма која ја гледаме на нашите тв приемници нè инфицираше и не помина без синхронизација од наши актери. За некои, случувањата во Истанбул се нормална реакција на либералите на кои им дошло преку Босфор од политиката на Ердоган, за други Турците се најновите пикирани жртви од невидливата рака на илуминатите кои го отепаа Гадафи за нафта, а сега за донер ќебап се спремни да се пресметаат и со шефот на Турција. Вистината е некаде измеѓу, како и секогаш. Ама се чини дека е далеку од нас. Џенем...

Mногу ми е убо шо имам пријатели. Многу ги сакам. Тие ми се како сонцето. Кога ги гледаш, уживаш. Кога не ги гледаш, го чувствуваш нивното присуство. Осеќаш дека се тука, позади некој облак, зад 9 броја, на три клика од тебе или на една слика во втората фиока од работното биро, која ја гледаш два пати годишно и се сеќаваш дека некој и два света оддалечен од тука ќе курбанизират едно јагне ко ќе се видите, од радост. Пријателите се живот. Пријателите се вода, трева, пиво. Tие се клучната состојка. Кашкавалот на пицата. Цигарето после сексот. Зелениот бран. Пријателите се закон.

Лешперските наслови секогаш привлекувале внимание. Лешперските фестивали такоџе. Евросонг, евровизија, евро и евра, Евридика, евритинг што го носи блудниот префикс „ЕУР" не пали како црвена боја младо бикче, како нов предлог на Нимиц, како виц за Тоше па се оштриме максимално за презентација на се што знаеме и умееме во друштвото на оние за кои не постоиме. Зошто? Бидејќи сме шупци. И како такви, мора бе да тепаме еднаш. Еве како...

Владиката Петар изјави дека жената игра пресудна улога кога е во прашање одржливоста на една брачна заедница и опстојувањето на една нација. Јас не разбирам зошто му се нафрливте толку на човекот, сè е до тоа како ќе ги интерпретирате неговите зборови. Да, може да ги сфатите како третман на жената како машина за раѓање деца, но може и да ги сфатите како најголем комплимент кој едно високо црковно лице досега го искажало за жените...

Драган и Хурем се топ. Хурем има цицки. Хурем има гз. Хурем ти е малтене Венера од Вилендорф родена во Истибање. Драган е лидер и го знае правилниот пат...

Обожавам рокенрол утра. Кога првиот поглед наутро ти го краде ведрото небо, спремно со малку ветер и многу сонце да биде едно од најубавите неба кои ќе ги доживееш годинава. Ниедна бескрајна празнина не е пополна од едно такво небо. Плеј: Ролинг Стоунс, Don't Stop. Се тушираш со дисторзија, дури миеш заби тресеш колк ко Џегер. Излегуваш од дома, а концертот кој го свират во твојата глава не престанува. Кој воли нек изволи. И ждранг! Грешка во чекори: твоето рокенрол утро бил изборен ден. Мака? Мака. Океј, правиме мала пауза од рокенролот...

Да, можда трите последни Стар Ворс филмови не се најсреќното решение според џедаите, ама ја дообјаснуваат приказната, ѝ даваат фина нота на еден цел еп. Рамбо 3 е д хол поинт на Рамбовците. Во прв дел Сталоне кажува 3 реченици, убива 7 души. Втор дел: 12 реченици, 136 мртви. Трет дел, 300 збора – 800 мртви. Има консекутивност, се согледува контекст, се следи тренд. Е зш бе да немат продолженија на народниве песни? Кој тоа одлучи дека треба цел живот да се прашуваме дали на наредниот Мис Ворлд пак ќе нема поубаво девојче од Македонче, или дали некој му отишол на Јонче Христовски во куќата на Пелистер, аџанак, баџанак?

Туџе нечемо своје не дамо. Па ни критика. Затоа се осеќам глупо ко Претседател на држава на маргини на самит секогаш кога некој надворешен извор ќе напише некоја бљувотинска критика за нештата кои ги сакам, а си носат предзнак „мое" или „наше". Како вели Владо Јаневски: „Ова е само наше Скопје, тука ми е се..." /освен креативноста, честа и оригиналноста/. Ама мене стварно ми е тука скоро сè и стварно сакам да го видам градов поубав и понасмеан. Шо ме закомати сеа пак за Ск да се фаќам?

И шо ако Стевче Јакимовски пеел, макар и „Не може нам Нико ништа, јачи смо од судбине?" Што мислите бе, Робокап дека е човекот? Не дај боже Бетмен? Па дури и јас после апсолутната победа на изборите во пештерска атмосфера си запеав една стара маџарска „Message in a Bottle", се расчардашив до јаја паша и си се развеселив, најнормално - разгаќен, скокајќи на троседот и планирајќи ги првите фејсбук улици кои ќе ги асфалтирам. Замисли колку му олеснало на Стевче после меѓупартиската голгота низ која помина. Ќе пее? Е не, министер ќе изиграва.

Како роден 18-то мартовец, редовно славам роденден заедно со Св. Патрик и неговите весели, распеани, раззеленати чеда. Не дека сум католик, туку Св. Патрик се слави на 17-ти, а јас сакам да си го дочекувам роденденот, да го пречекам јубилејот, да го фатам неспремен и нерасонет, да му се изнапцујам што запнал баш секоја година да доаѓа и да ме потсетува дека самиот си барав да пораснам кога бев копиљ.

Oкеј, бидеќи на полноќ официјално започна изборната кампања, со што досега неформалното неофицијално подјебавање се легализираше како во Амстердам само со помалку давачки, најофицијално ја најавувам најнеофицијалната контра кампања, пара-политички активизам (значи, за пара, повеќезначно), наменет за инстант релаксирање на центрите во мозокот задолжени за политичка хистерија и активација на креативната енергија која спасува живот: „Бетмен 2013 за градоначалник на све живо и диво, севселенски император на цел универзум особено Охрид и Скопје". Зш? Зш така требит! (+1 поен за глуп хумор, jeс).

Здраво. Денес е 22 февруари 2013-та. Вест на денот: ја изгубивме војната во 2001-ва. Абе, да не ти се вервит!

Она што нема да го чуете на стадионот е „мртов шпанец, добар шпанец". Како што ни на стадионот на Реал Мадрид нема да се скандира „И тој е Каталонец, и тој е педер, але але але алеее". Тука никој не се раскомадува на 3 дела урлајќи „да разберат клетите шпанчиња дека каталонско име нема да загине". Да, ќе извадат транспарент дека „Каталонија не е Шпанија" во бастионот на каталонската гордост. Но никогаш нема да кажат погрден збор за „туѓото јагне" кое игра за славата на нивниот најсакан клуб.

Разликата меѓу „моето" и „твоето" време е што моето не престанува да трае, а ти се дистанцираш од ова кое е твое колку што е и мое, затоа што има нешто што те прави да се осеќаш отуѓен и некалибриран за новите случувања со кои се соочуваш.

Види, не знам што баш очекуваш од ова. Не знам каква мудрост сакаш да најдеш тука, каков вдахновувачки редослед на зборови сакаш да сретнеш, какви правила за среќа очекуваш да ти презентирам. „Не јади мрсно и брзо, трчај, вежбај, учи и бучи. Купи си телевизор и голем систем. Опијани се како Кит Мун и фрли го низ тераса“. Немам појма. Не се ни секирам премногу за тоа. Знам само дека човек треба да го прави она што го прави среќен и ништо повеќе. Ако нешто не те усреќува, немој да го правиш - и толку. А јас во моментов сакам малку да одморам, да одам на места кај што одамна не сум бил присутен иако сум ги посетил, да ги искористам сетилата до максимум, интуитивната моќ до бескрај. И да не ти се верува, ама баш ништо не ми фали во моментов...

Океј, помина ракометот (длабока воздишка) и откако некаде на почетокот на второто полувреме со Германците стана јасно дека овој пат нема да го освоиме светот  (бајкалски длабока воздишка и залутан поглед) абе душата ко на задна вуча низ снег да ми се влечкаше од мака, ама се посветив на разработка на планот како да си ја материјализираме Aлександровата оставштина од типот „нека ви се нозе стресат, дојдовме по нашето" на наредниот Мундијал, во било кој спорт. Но пред тоа да се договориме нешто...

Какви неодговорни жители на Македонија сме, тоа е чудо. Во државава после празничната пауза продолжи револуцијата, а сите уште спијат на уши. Жив човек нема. Ту и тамо по некоја читателка да пише дека би сакала мој запис во нејзината колекција на љубовни писма, и толку. Па, во недостиг на писма на читатели кои можам да ги објавам, си измислив две. Знам дека нема да ви се допаднат, ама должност си е должност...

Технички и практично гледано, четвртиот и петтиот ден од годината се оние драгоцени 40+ часа кога дури и прав празничен индијанец наоѓа време да здивне. И фала курцу за оваа несекојдневна прилика. Здраво, јас сум Боби, имам 26 години и на паузата меѓу огненото крштевање на 13-тата година од третиот милениум и останатите 300-5-60 (триста-пет-шеесет) денови ќе ви кажам зошто не враќам на смс-и, имам 5 кила плус и дали и во 2013-та ја сакам Катарина Ивановска...

Во предвечерието на последниот викенд од оваа година, славеничката еуфорија е во клиничка смрт. Опиена од моќните коктели како молотоф, блади демокраси, тиранинсу, кумова празна слама, си ја држи главата со една рака, додека со другата го мота спротивно од стрелките на часовникот шумечкиот аспирин за побрзо да се растворит во чашката со кисела вода и неколку капки лимон. Не и се мрдат нигде. Депресивна е. Јебига, можеме и без неа.

Во 12:11 сатот на 21 декември 2012 официјално заврши календарот на Маите. Крајот на светот? Пиши: пропало. Мојт комотно да си се вратиме на тековните обврски во предновогодишниот период: пазарење зајре за руска, дркање на собраниски канал, мрзење на дедо мраз, мрзнење на цигаре пред кафана и сите други спортови ко увертира на четирите новогодишни скокалници и паѓалници во алкохолен турбо транс. Или пак, мојт и да искористиме гужва и да им кажиме на Mаите: „За К да ми се фатите и да си го зејте за вас. Немат крај. Ерго, време е за Рај на светот".

На Бог му требале 7 дена за да го создаде светот. Сега имаме исто толку време за да го уништиме и да ги предухитриме Маите. Нека видат како треба, тие неуки централноамерикански индијанци, кои го утнале н­­ајважното пророштво: да ги земат со резерва добрите намери на Ернан Кортез.

Хемфри Богарт имал една сериозно добра идеја која заслужвит Нобелова награда за мир и љубов, ако комитетот за Нобел имаше време за разгледвење на реално добри идеи, наместо да корегират криви политички и сараевски дрини: „Светот е три пијачки во минус. Тоа треба да се промени". Опа! Според Боги, ако сите 7 милијарди луѓе на планетава здрвет по 3 ракии во рок од саат време, ќе се десит епохална промена во нула време. Барем на кратко немат да имат потреба ниту од Обединети нации, ниту од Влади, Парламенти, куќни совети, штрајкови, протести, избори за Мис, маршови за мир, растителни кашкавали, Русинки во Битола, мусли, кампањи ко „Отвори го срцето без да ја галиш јетрата", „Сонцето е исто за сите освен за оние со колектори на кров", „Ако има вода на Марс, братски ќе ја флашираме " и слични досетки измислени од мозокот - роб на инхибициите. Кој пробал, знајт за шо зборвам. Кој не, ајт по мене. Време е да се олабавиме малку.

Претходниве 7 дена пропуштив неколку многу важни настани од исклучително значење за понатамошниот тек на историјата на светот по теориите на хаос, пеперутки и мајански релативитет (кога Маја ќе ми каже дека е океј, тогаш не е океј). За реконструкција на дел од нив ќе ми треба твојата помош. Биди човек и избави ме од прегратките на Лукавиот (да му рогови мочам од ќерамиди) кој ми го исклучува телевизорот во епохални моменти!

Во секојдневните конфликтни ситуации секогаш имаш барем две опции. Dа бидеш зен-будистички езотерик кој ќе заоооомка пар пати, ќе го смири гневот и од него ќе направи пеперутка на меѓусебното разбирање и почит која ќе прелета до душата на соперникот и на неа ќе засади цвеќе на братството и почитта кое ќе ги шири опојните мириси на човекољубието. Или да oтераш се у три лепе пичке материне. Што ќе направиш?

Мајка Тереза точно на време замина од Скопје. Толку хумана жена јас стварно не сум видел. Знаеше дека доаѓаме и одлучи да се повлечит стратешки, тамам да ни остајт простор нас, да си ја напишиме нашата историја на градот кој денес славит формално-правно ослободување од типот „смрт фашизму, слобода народу“. 7 дена после Радовиш, 6 дена после Охрид. Скоро 3 месеци после Берово! (како бе некој воопшто го окупирал Берово?!). Ама, Скопје и покрај доцниот пубертет го обожавам по многу основи, иако му го зеде приматот на мој Охрид како град кој статистички гледано ги имат најлошите домаќини во Македонија. Прифаќам со ќеиф и јас да сум еден од нив. Скопје е слободно, вајстина е слободно!

Седми ноември е ден во кој Германија втор пат во историјата ќе доживејт пораз од Охриѓани. Првиот пат четриеспетта, втор пат денеска, з'ш така мораше да бидит. За победата на либертаријанскиот свет да си е поголема и потешка на денов се погрижи и оној прекрасен осмина - Ирец Барак Обама кој си обезбеди уште четири години во обид да го оправдат Нобелот за Мир од пред некоја година. Нормално е на олку настани чоек да испаничит, дури и да се избезумит од возбуда.

Пред две години Дунав дојде во Охрид. И, логично беше: толкава наезда на туристи од Србија се деси од 2005-та навака шо прашање на време беше кога Аца Лукас како јавач на апокалипсата во пауза од два свои концерти ќе ја донесит и сината убавица на едно капење долу кај нас. Стружани пак се уплашија дека Дунав ќе им го поплави Црниот Дрим и го затворија истекот на Охридско езеро. За малку ќе се поплавевме. За малку. Среќа шо имавме план за справување со кризи. Њујорк, издржи, на тебе е ред.

И, како јас да правам деца радувајќи се на победата на Барса во 90-ти минут кога не можам да ја гледам утакмицата како живо биќе на ниеден сенародски тв канал? Зарем еуфоричниот расплод е привилегија на мала група среќници со пеј пер вју? Камо трето дете со вакви телевизии?

Откако Тино Кајшаров сериозно се нафати да ги избрка сите духови од Македонија и пошироко во целиот Западен Балкан, спијам помирно. И подолго. Почнав да се успивам за на работа, мамаму. А не е Тино реално крив, ниту пак кутрите духови на кои им се окомил. Едноставно таков му е стилот.

Минатава недела ја одбележаа неколку крупни настани. За ниту еден од другите освен тоа што улетав во офнетовските зеленила не ме боли уво и неам намера да ги третирам така што Горан Михајловски би помислил дека му трчам по лебот и во секси ќошето на „Вест" би наредил да ја стават мојата омилена сексуална поза: шеесништо.

Здраво, да не се преставувам ептен на широко, се залагам за све за шо се залагет кандидатките за Мис на Светот. И се залагам посебно за нив, како и Македонија да е цела. Многу сум убав, особено ко ќе спијам, во кафана. Во хороскоп сум шопска, а омилен број ми е нејзиниот. Дисклејмер: ќе ви пишам на охридски и нео-скопско фраерски илити какоќемидојт-ски. За то и за све друго особено за единствениот оскар за саканиот ми Пачино во 93-та големо благофаление на офф.нет. Нек се угоде.