Чувајте трошка емпатија и за луѓето-лами

Социјално непоткованите жители на Северен Јоркшир добија прирачник што им помага како со достоинство, почит и емпатија да им се обраќаат на трансродовите и бинарните лица, но и на разни видови подгрупи, како оние што чекорат на сите четири зашто се чувствуваат како животни. И можеби никој не би имал ништо против прирачникот, ако не бил финансиран од Министерството за финансии на Британија.

Наместо за иновации, ЕУ ќе наоѓа пари за воени потреби

Соочена со непланираниот товар самата да се грижи за сопствената одбрана, Европа бара начини како да најде доволно пари за оружје и војска, а притоа да не ги загрози социјалната и здравствената политика, кои ги смета за свои фундаментални вредности. Есапот вели дека за новиот таргет од 5% за одбрана, потребни се нови 875 милијарди годишно. Оди објасни им на гласачите дека руската опасност е поголема од нивните секојдевни гајлиња.

Зелената агенда пржи многу пари и премногу птици

Кој порано, кој подоцна, осудени на смрт се сите енергетски проекти што не се рентабилни, а добиваат големи субвенции само поради тоа што се „зелени“. Инвеститори се откажуваат од американски проекти за генерирање струја од ветер и сонце, на задоволство на домаќинствата и бизнисите, чии сметки нема да поскапат до 15 отсто. И на уште поголемо задоволство на птиците.

Речник

Ил Дуче, дер Фирер, Д Доналд

„Споредбата е толку апсурдна што практично самата се обезвреднува“, кажа уредникот на Спајкд, Том Слејтер, во говорот на Кембриџ Унион. Вели дека му е жал за оние кои во сè сакаат да видат фашизам и секој кој не се согласува со нив да го споредуваат со Хитлер. Како ли ноќе заспиваат тие луѓе?

На Зеленски му отвораат нов фронт: Избори!

Доналд Трамп нема ништо против украинскиот претседател да учествува на мировните преговори со Русија, но тоа не мора да биде Володимир Зеленски, чиј мандат заврши пред речиси една година. Зеленски сега е соочен со предизвик на неочекуван фронт: Како да се избори за нов мандат, кога рејтингот меѓу украинските гласачи му е „едвај 4 отсто“?

Кумовите плачат: Нема веќе мафијаши како Дон Корлеоне

Старата гарда сицилијански босови се жалат дека на мафијашите од новата генерација не им е света заклетвата и веднаш се пријавуваат за заштитени сведоци ако бидат приведени. Полиција се фали со рации и апсења, но предупредува дека Коза ностра се реорганизира, купува оружје преку даркнет и регрутира нови војници. А во Палермо се враќаат и старите волци осудени на доживотни робии, но ослободени поради „примерно однесување“. Имало значи надеж.

Off Topic

Кој е за една незападна компилација?

Не дека Русија нема сличен блоковски багаж и геостратешки намери како Запад и „нашите партнери од НАТО“ (нели бе кога ќе седевме на иста маса, ќе можевме да тропнеме?), ама овие вториве забегаа во лаги. Компилацијата е за истите оние кои викаа дека Садам ќе нè отруе, дека Либија и Србија мора да бидат бомбардирани, дека во Авганистан држат контрола и дека мозокот на Бајден е остар како жилет.

ВИ видео чудесии

Дека допрва ќе се изнагледаме чудесии со вештачката интелигенција, тоа е јасно.  Освен ако не нè победи баш преку ноќ па ни забрани да се чудиме. Во секој случај, интересно е да се следи како тоа си брка работа, додека ние сме заглавени во истите дилеми (дали дома на боранија за ручек или да се оди во кафана). Две видевца од актуелната, прилично уверлива моќ на вештачката интелигенција.   

Кратка приказна за Блискиот исток

Ашкенази Евреин, за двајца Мизрахи (ориентални) Евреи помислил дека се Арапи и пробал да ги убие. Мизрахи Евреите за среќа преживеале а потоа ги обвиниле Арапите за пукањето врз нив. Ќе беше јако да е пародија на тамошната калакурница, само што, не е.

Пиринска се буди

Ставаме ваков претенциозен наслов само затоа што што во соседна и европска Бугарија се шокираат и стаписуваат ако некој се произнесе за Македонец, во случајов Македонка. Пејачката Василија Петрова, своевремено учесничка во шоуто „Гласот за Бугарија“ рекла дека се чувствува како Македонка, ставила едно „ј“ во името и навивала за „радикална партија“. Проблем? Кај нас сакаат во устав да влезат, кај нив не даваат човек во срце да си влезе.

Се моли МРТ да намали со чаламот

Печен анасон и лубеница (во мај!) со жолт домат мариниран со босилек; тропски ракчиња (мора ли тропски?) со прелив од ананас и папаја; димена патка и прелив од ореви и цреши; сино сирење од видот Big Woods, паеља од морска храна со школки, ракчиња (тропски?) и арборио ориз со шафран... Ова е само дел од менито кое МРТ го нарачува за свои гости од ЕБУ. Поблиску се до добивање Мишелин ѕвезда отколку до некоја ТВ награда.

Умните зборови на оџата од Иса Бег

Со уста полна Алах, во рака оружје, во џебови кокаин.... Парампарче меѓу себе се направивте. Секоја недела некој некого убива. Треба да ги затвориме џамиите и да ви кажеме, нема џума овој петок, одете кај сакате вие од Чаир. Повеќе проповеди имаме овде отколку во Саудиска Арабија и пак џабе... емотивно порача оџата Мyарем Исмали од Иса Бег џамијата, по последното убиство во Чаир во кое настрада 35 годишен дечко а биле испукани стотици и стотици куршуми.   

Локалности

Net Roulette

Offside

ПСВ го елиминираше Јувентус во плјеофот од ЛШ во продолженијата со победа од 3:1, а Иван Перишиќ пак им даде гол. Ветеранот го отвори резултатот во 53-та минута после убиствена контра во два потези и стана најстар играч во историјата од ЛШ со два гола по ред во нокаут фаза.

Off Café

Bookbox

Саксофонот е патентиран во 1840-тите. Новиот инструмент бил одличен за воените бендови, но не ја добил потребната поддршка од музичкиот естаблишмент на тоа време. Зошто?

Делуваат како наивна забава, но инстант лозовите со скриени „кодови“ кои означуваат дали тие се добитни или не се всушност исто како и слот машините, ама со гребење на фино дизајнирани ливчиња. Нивната историја е долга половина век.

Букбокс гледаше: „Касандра“ (мини-серија, 2025)

Морничава приказна која го комбинира стравот од вештачката интелигенција со архетипот на гневната и одмаздољубива жена. Резултатот е ефектен.

„Технофосили“ - како сегашното загадување ќе стане археолошки наод во иднината

Сакате да оставите трага во светот која ќе трае засекогаш? Па не морате да напишете безвременска драма како Шекспир ниту пак да компонирате како Моцарт. Само фрлете лименка или сменете го мобилниот кој ќе заврши во отпад. И - ете. Веќе сте (речиси) бесмртни.

Што е факт а што фикција во филмот за Марија Калас?

Чилеанскиот режисер Пабло Ларен како да специјализира создавање портрети на значајни жени во пресвртни моменти во нивниот живот, кога се во тешка криза и во војна со своите внатрешни или надворешни демони. По „Џеки“, за вдовицата на Кенеди четири дена пред погребот на нејзиниот сопруг, потоа „Спенсер“, за принцезата Дијана во текот на посетата на еден од имотите на кралицата, а сега и „Марија“, за оперската дива, неколку денови пред нејзината смрт. 

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното