Шарл Де Гол и неговата ќерка

Во домот на Де Голови постоело свето правило кое никој не смеел да помисли да го прекрши: Ана никогаш и од никого не смеела да се почувствува поинаква од другите или помалку вредна од нив. Шарл Де Гол важел за воздржан човек, дури и со најблиските членови на неговото семејство. Освен со Ана.

Ана Де Гол била најмладата ќерка на францускиот генерал и државник Шарл Де Гол. Родена во Трир, Германија, каде татко ѝ во тоа време бил на служба. Била родена со Даунов синдром. Во тоа време, родените со таков хендикеп биле праќани во институции но Ана живеела со своето семејство сè до нејзината смрт.

Во домот на Де Голови постоело свето правило кое никој не смеел да помисли да го прекрши: Ана никогаш и од никого не смеела да се почувствува поинаква од другите или помалку вредна од нив.

Шар Де Гол важел за воздржан човек, дури и со најблиските членови на неговото семејство. Освен со Ана, која ја добивала сета негова топлина која, како да ја чувал само за неа сиот свој живот.

Секогаш правел да ѝ биде интересно, со песни, играње по дома, пантомими... генералот станувал дете кога играл со неа. Комшија ги памети како се шетаат по имотот, фатени за рака. „Таа е мојата радост. Таа ми помогна да ги надминам сите неуспеси и да погледнам подалеку од нив,“ има кажано Шарл Де Гол.

Во 1948 година, Ана ја губи битката со пневмонијата, еден месец по нејзиниот 20-ти роденден и умира во рацете на татка си.

На 22 август 1962-ра, Шарл Де Гол преживува атентат во едно предградие на Париз. Подоцна има кажано дека потенцијално фаталeн куршум се забил во рамка од сликата на Ана која постојано ја носел со себе, тој ден ставена кај задното стакло.

Шарл Де Гол умира во 1970 година и погребан е на гробиштата Коломбе, покрај саканата ќерка.

Единствениот збор кој таа можела да го изговори разговетно бил: „Папа.“

20 јуни 2023 - 12:59