Како српска фамилија гледа меч на Ѓоковиќ

Таткото е на раб на инфаркт, има дрмнато неколку ракии, гледаме да го зауздаме, имаме лекар кој му го контролира притисокот, имаме лекар кој го контролира притисокот на лекарот кој го контролира притисокот. Кога ќе изгуби, тој пораз како смрт на втор или трет братучед. Кога ќе победи, секој секого бацува во чело.

Новак Ѓоковиќ го освои својот 24-ти Гренд слем и сакам да ви дадам мал увид во тоа низ што минува едно српско семејство кога игра овој човек.

Се гледа во дневна соба. Секој член од фамилија во некој момент ќе ја напушти просторијата, мајката обично излегува најмалку десетина пати, знае да ѕирка од некој ќош, да види што се случува, ама се преправа дека не ја интересира.

Таткото е на раб на инфаркт, има дрмнато неколку ракии, гледаме да го зауздаме, имаме лекар кој му го контролира притисокот, имаме лекар кој го контролира притисокот на лекарот кој го контролира притисокот.

Секогаш кога ќе тргне нешто наопаку во мечот, ракијата почнува да работи, бесот расте, ги колнеме судиите, гневни сме на публиката, малку сме лути и на Новак, ама не многу.

Недај боже да изгуби, цела соба оди од дерење во тишина а таа тишина знае да трае со часови и денови, во зависност од важноста на турнирот.

Често го оплакуваме тој пораз како смрт на втор или трет братучед. Кога ќе победи, што често го прави, славиме, солзи радосници ни течат, среќа е во воздухот, секој секого бацува во чело.

Дури и мажите ќе заплачат ако им останала некоја течност во телото, бидејќи сè што пиеле тој ден е ракија и можеби една мала чаша вода, ама затоа испотиле најмалку две литра додека Новак играл и да ги натераш да пуштат солза е малку тешко ама затоа мајката ќе се исплаче за сите. А таа плаче како да победил нејзин роден син. Прекрасна глетка. Фала ти Новак за тоа.

20 септември 2023 - 11:02