Сам свој "дечко" за компјутери

Прва и основна работа што треба да ја пробате во која било ситуација кога ќе имате каков било проблем со компјутерот е - рестарт. Ако ова не функционира, еве некои други "мерки" што можете да ги превземете.

1. Користи Гугл
Гугл е најголемиот пријател во вакви ситуации, знае повеќе од кого било и само треба да знаеш како да го прашаш. Нема да ти заврши работа ако му напишеш "имам проблем со компјутерот," меѓутоа можеш да пробаш со пребарување на грешката што ти ја дава или симптомите што ги имаш.

2. Safe Mode
Пред да почне да се стартува Виндоусот притиснете на F8. Ова е како изгледа Виндоус без да биде разубавен за ваши очи. Ова е најосновата верзија на вашиот Виндоус, кој стартува само со драјвери и неколку процеси во позадина. Задолжително да го користите за деинсталирање на вируси, драјвери и апликации.

3. Прашај го Микрософт
Микрософт има цел сајт посветен на вашите проблеми со нивниот оперативен систем. Страната нуди совети, плус алатки за дијагностицирање на проблемот. Microsoft Fix it

4. Преинсталирај го Виндоусот
Ако проблемот е софтверски и ништо друго не помогне, ова е единственото нешто што ти преостанува. Секако дека после ова ќе мораш да го инсталираш целиот софтвер што си го имал, ама ќе ти помогне да ја откриеш / решиш апликацијата што ти го правела проблемот. Колку понова верзија на Виндоус имаш, толку полесна е инсталирањето. Топло препорачан сајт за кога ќе решите да преинсталирате - Ninite.

5. Драјвери
Ако не ви работат постојните драјвери, пробајте со инсталирање на понова верзија. Ако пак сте инсталирале нови драјвери и не ви работат, вратете се на старата верзија што функционирала. Трето решение, деинсталирајте ги драјверите, физички отстранете го делот, рестартирајте и повторно додадете го делот што не ви работел.

6. Плагин
Не секогаш проблемот со некој програм е директно поврзан со тој програм, често може да се случи вината да е кај некој плагин што сте му го додале по инсталацијата. Обидете се да ги исклучите сите плагини и еден по еден почнете да ги вклучувате додека не откриете кој го прави проблемот.

7. Рестартирај (кога ќе ти снема интернет)
Ако не можеш од прва да откриеш зошто немаш интернет, рестартирај го компјутерот на кој работиш. Ако и после ова немаш интернет, рестартирај / исклучи го рутерот или модемот од струја и за десетина секунди повторно вклучи го.

останатите совети тука

25 септември 2012 - 18:23