Сè е исто, само Ал Капоне не е в затвор

За оние кои се убедени дека живееме во неповторливо значајни времиња, мал „Неделава пред години“ времеплов за тоа што се случувало во светот меѓу 23 и 27-ми октомври. Ќе сфатите зошто е таков насловот и ќе сфатите зошто престанавме да набројуваме настани поврзани со Македонија после европската порака до нас од 2004 година.

24 октомври, 1984 година. Спасувачи се пробиваат низ урнатините откако камион полн со експлозив се заби во објекти користени американските маринци во Бејрут (паралелно беше изведен напад и врз француски војници). Имаше стотици загинати.

***************

24 октомври 1929 година. Испаничени инвеститори се собираат на Менхетн, за време на екстремно лош ден на Вол Стрит. Неколку дена подоцна, ќе се случи крахот на берзата, познат како „Црниот понеделник.“

************

24 октомври 1931 година. Во придружба на американски шерифи, Ал Капоне ја напушта судницата во која само што беше осуден за даночни затајувања и осуден на 11 години затвор.

*********************

24 октомври, 1956. Луѓе во Будимпешта околу соборената статуа на Сталин, за време на краткотрајната Унгарска револуција.

*************

27 октомври 1947 година. Лорен Бекол и Хемфри Богарт предводат група познати актери низ Вашингтон, во знак на протест против испитувањата на озлогласениот конгресен „Комитет за не-американски активности“.

*************

26 октомври 1949 година. Американскиот претседател Хари Труман потпишува амандман на законот за работни односи со кој минималецот се качува од 40 на 75 центи за час.

*************

25 октомври 1960 година. Работници од јапонско филмско студио, прават минијатурна реплика на мостот Голден Гејт, која ќе биде дигната во воздух за еден нивни филм.

**************

Октомври во Македонија?

  • Октомври, 1893: Во Солун е основана Македонска револуционерна организација за ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
  • Октомври 1941: Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија.
  • Октомври, 1943: Главниот штаб на НОВ и ПОМ упати манифест до македонскиот народ во кој се повикува народот на решителна вооружена борба против окупаторот и се истакнуваат целите на национално-ослободителната борба на македонскиот народ.
  • Октомври, 1944: На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили.
  • Октомври, 1946: Во црквата „Св. Спас“, пред илјадници народ од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои македонска делегација ги донесе од Софија.
  • Октомври 1967: Извршено конституирање на МАНУ.
  • Октомври 1995: Ја ратификувавме Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.
  • 27-ми октомври 2001: Хаг соопшти дека го испитува случајот на киднапираните Македонци.
  • 26 октомври 2002: Родителите на убиениот матурант од Тетово му ја вратија телеграмата со сочувство на претседателот Трајковски.
  • Октомври 2004: Ни го врачија европрашалникот и ни порачаа дека „Европа ја сака Македонија, но со надминати проблеми“.

На последнава тема, од тогаш ништо се нема сменето. Ок?

25 октомври 2023 - 13:48