Таг: жонглери

Дечково заслужува целосен респект

И девојката е одлична, особено ни се бендиса потегот со рамо, онака ладнокрвен, ама на видеово таа не е толку битна, туку момаков. Се гледа дека гори од желба да докаже и му успева да докаже дека сите сме исти, без разлика што тоа не изгледа така. Браво за упорноста. Секоја чест. Не го може ова секој.

Возраста во фудбалот е само една бројка

Што, не верувате? Океј, ќе ви објаснат 72 годишниот Сотирис Аверинопулос и 6 годишниот Марко Антонио. Дајте им само топка.

Ун, дос, трес во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.

На одмор со жонглирање низ цел континент

Пар од Ирска закачи видео на јутјуб од нивниот лански летен одмор во Јужна Америка. Не се работи за класика со лежење на плажа, туку со топка во Мачу Пичу, Буенос Аирес, Боливија, стадионот во Монтевидео каде се играше првото Светско...Беа и во Бразил, а кога Суарез го гризна Кјелини го мајтапеа во Уругвај,