Таг: задржување време

Најдолгото задржување време на корнер

Јужна Африка веројатно е рекордер во задржување време на корнер. Играчите стоеа демек ќе изведуваат, се менуваа и на крај судијата мораше да почне со делење на жолти картони. 2 минути траеше сагата.

До таму ли стигнавме Јапонец да задржува време?

Во последните 10-15 минути од мечот Јапонија - Полска 0:1, Јапонците иако губеа, имаа пласман во следна фаза затоа што Сенегал кој губеше од Колумбија исто 0:1, полошо стоеше на фер-плеј табелата (имаа 6 жолти картони, а Јапонија 4), па „самураите“ си подаваа на средина од терен да не случајно направат жолт картон.

Патетично задржување време од голман

Изборот за глума на годината (Fallon D'Floor) може да заврши. Синоќа голманот на Сенегал, Кадим Н’Дијае јадно одглуми дека се удрил при изведување на гол-аут и задржуваше време на мечот Алжир - Сенегал 2:2.