Таг: вар

Каков ВАР уствари се користи во македонскиот фудбал?

Одиме со твитот на денот во контекст на скандалозната судиска одлука на штета на Вардар на гостувањето против Шкендија. Три дена поминаа и никому ништо за голот кој го виде цела Македонија освен судиите. Шкендија победи 1:0.

Го видовте ли циркусот со ВАР на СПАЛ - Фиорентина и во Полска?

Во Италија на мечот од Серија А имаше досега невидено толкување на ситуации за ВАР. А слична приказна и во Полска на дербито Легија - Краковија каде играч доби втор жолт, па му го избришаа и му дадоа директен црвен.

Уште два многу спорни поништени голови на Ајакс

Ако синоќешниот поништен гол на Ајакс е контроверзен и денес излегоа различни ставови, пазете го вие ова во 2011-та. Две многу тешки ситуации на мечот Ајакс - Реал, печени за ВАР. На вториот се гледа дека раката малце му штрчи, а според правилата таа не влегува во офсајд бидејќи не смееш со неа да дадеш гол. Ништо чудно и двата гола да се регуларни.

Што мислите за првиот гол поништен со ВАР во Лига на шампиони?

Уште на втората осминафинална вечер во Лига на шампиони каде за првпат во историјата почна да се користи ВАР системот, имаше спорен момент.

За ваков ВАР ли се боревте?

Сè е тоа убаво што ФИФА и УЕФА сакаат фудбалот со помош на сите модерни технологии да оди напред, ама кога нешто ќе имплементираш, треба да знаеш и да го применуваш. Судииве во Португалија не гледаат добро или не сакаат да гледаат нешто што сите добро го гледаме. Игра со рака и нема пенал ниту по прегледот на ВАР. Срамотилаци.

Се радуваат против Реал или си честитаат?

По поразот од Реал Сосиедад на домашен терен 0:2, Кралевите се разочарани од судијата Мунуера Монтеро и тврдат дека не им свирнал два чисти пенали. Контроверзите ги продолжија со видео кое го објавија на својот клупски канал, на кое тврдат дека истиот судија ги прославувал головите кои Реал ги прими од Еибар (пораз од 3:0 на 24 ноември). 

Како тоа топката влезе во гол, а ВАР вика не е гол?

Ја имаме дилемата на колото. Ама малку е на колото, туку на сезоната. Можно ли е видео технологијата да киксне или 99.99% сепак не се 100% и тоа е тоа, нема простор за дилеми?

Џабе ти е ВАР ако видот ти е слаб

Сердар Ѓозубујук е холандски судија со знак на УЕФА. Суди и европски натпревари ама денес на мечот Венло - Гронинген направи голем привид по прегледување на ВАР.

Излезе аудио снимка од ВАР комуникацијата меѓу судиите на Барса - Реал

Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.

И во Шпанија одма е по друго со ВАР

Ангажманот на судиите во кабината (video assistant referee) кои ги укинаа само во Премиер лига, а во ЛШ ќе ги нема ниту сезонава, ја демострираа користа и во Ла Лига. Со ВАР се ќар и самите играчи кои поминуваат со помалку картони.

Цела Европа ќе користи ВАР, само Премиер лига и еврокупови не

Најдобрите топ 5 лиги во Европа, а и други, решија да користат ВАР (видео-повторување на спорните моменти), само Англичаните и УЕФА за Лига на шампиони и Лига Европа одбија да го употребуваат системот кој докажано ја подобрил играта.

Перуански ВАР на денот

Вие ќе ми кажувате мене дали било гол или не. Дечко, сликна ли ти нешто? Сликнав дојди да видиш. Аха, епа ете се гледа дека е гол, ајде топката на центар. Каков ВАР, подобро е со ФАР.

Падна најубавиот гол на Светското, Португалија и Шпанија куртулија

Драматична завршница на последното коло од групата Б во Калининград и Саранск каде Шпанија и Португалија во судиското продолжение ги сменија позициите на табелите.

Крстајиќ: Некогаш проклетиот Хаг, а сега ВАР

Селекцијата на Србија е бесна за контроверната судиска одлука во ситуацијата кога Александар Митровиќ беше соборен во шеснаесетник. Селекторот удри на Инстаграм, а на нивна страна е и Рио Фердинанд.

Муса го одра јарецот, Исланд испадна од Светско

Нигерија и Исланд го одиграа првиот меѓусебен натпревар во историјата со оглед на тоа што Скандинавците се дебитанти на Мундијал и Африканците славеа со 2:0. Сега во групата сè е можно а најмногу се надева Аргентина.

ВАР проработи, да живее ВАР

Системот за видео-асистенцијана арбитрите секој ден влијае на исходите на дуелите од Светското и има многу докази дека е од корист за правичност на теренот.

Топ 10 контроверзи со ВАР кој ќе го има и на СП

Видео технологијата се воведе за да се искоренат судиските грешки, но таа предизвика толку голем бес и конфузија до степен што во Премиер лига донесоа одлука да ја укинат за следна сезона. Тешко на судиите ако не ја користат како што треба во Русија.

Нов штос на Твитерот на Рома

За тоа колку е цар твитерџијата на италијанскиот прволигаш дознавме по сензационалната елиминација на Барселона во четвртфиналето од ЛШ, ама сега има нешто да и каже и на УЕФА за нивното невоведувањето на ВАР. Со ова комично (иронично) видео сакаат да потсетат на пеналот кој не им беше досуден на реванш полуфиналниот дуел со Ливерпул. 

Наполи ги објави сите судиски грешки во корист на Јувентус сезонава

Јувентус ги стави рацете на пехарот за рекордното седмо скудето по ред и чека само и официјално да биде прогласен за шампион. Од најголемиот конкурент во Неапол вчера прикажаа зошто се бесни на судиите.

Судиите се суетни и не сакаат да ги поправа ВАР

Европската фудбалска јавност и медиумите врескаа по УЕФА и судиите за многу контроверзни одлуки во ЛШ неделава, сезонава, а и претходно. И во Австралија си имаат слични маки. Таму па користат ВАР, ама џабе. Оваа ситуација е од финале во Куп натпревар. Судиите не досудиле офсајд, а не ја промениле одлуката ниту откако ја прегледaле ситуација на видео технологијата.

Што велат резултатите во Серија А од користењето на ВАР

Имало корист од новата видео технологија која беше сефтосана оваа сезона во италијанското првенство, а истовремено и многу критикувана. Грешките не се целосно исчистени, ама резултатите се подобрени, покажува статистиката.

Еврогол на Сити поништен - никој не знае поради што

Манчестер Сити синоќа му гостуваше на Кардиф во ФА Купот. Поведоа „граѓаните“ 0-1 со голот на Де Брујне во 8’ минута, а во 26’ Бернардо Силва упати ракета од 16-ина метри и постигна неверојатен погодок. Линискиот судија крена знаменце веројатно мислејќи дека Лерој Сане од офсајд влијаел врз играта и ја допрел топката.