Таг: ванчо таковски

Само Бате Ване во ист муабет може да ги стави Хаити, цевитана и бугарското собрание

Го нема меѓу живите 10 години, ама неговите раскази ќе живеат засекогаш. Немало, нема и ќе нема лик како Ванчо Таковски - бате Ване. Претворете се во уши.

Харалампие и Анри на скијање

Леле на што налетавме. Секвенца од 489-та емисија на Бошко во која му гостува бате Ване. Неисцрпен извор за хумор е оваа комбинација во студио. Цела ја имаме изгледано.

Јосип Броз Тито и Бате Ване, тие се

Од лик како Ванчо Таковски не можеш никогаш да собереш на едно место, од сè она што го кажал во форма на приказна, анегдота или бисер. Нема кај нас сега ваква жива легенда која можеш да ја викнеш во емисија и да извлечеш гостување од ваков калибар.

Епскиот расказ на Бате Ване како ги однел Пандев и Стојков во Милано

Легендарниот Ванчо Таковски е човекот благодарение на кој струмичка Беласица изнедри сјајна генерација фудбалери која подоцна го пропатува фудбалскиот свет. Долго ќе се памети расказот на Бате Ване за сопругата, за Леонардо Да Винчи, Стојков и Пандев. И тоа во култната емисија кај Бошко Трпевски.

Гостување на бате Ване кај Бошко, 489-та емисија

„Имам на едно место кажано. Сите други новинари ќе ги купам со по 10 ќебапи, а ти ќе ми ги изедеш ќебапите и пак маме ќе ми ебеш“. Оф рекорд муабет на легендарниот претседател на Беласица со кој почнува ултра драгоценото видео на Јутјуб.