Таг: уметници

Шоуто не може да продолжи: масовни откажувања на настапи на руски уметници низ светот

Помеѓу другите реперкусии од инвазијата на Путин во Украина, Русија трпи и на полето на спортот и уметноста. Низ светот масовно се откажуваат веќе договорени ангажмани и гостувања на руски ансамбли и поединци, и обратно, закажани настапи на странски изведувачи во Русија. Иако е јасна потребата за притисок врз руските власти, ова го отвора прашањето за колатералните штети по она што би требало да нема граници, националност и политичка припадност - Уметникот. 

Од голи протести до блокчејн: како уметниците протестираат против руската инвазија на Украина

И до сега беше тешко да се искажат критички ставови низ уметнички перформанси во Русија. Но актуелната ситуација го зголеми нивото на нивна ангажираност, особено во контекст на можностите кои ги нуди блокчејн технологијата. Додуша, некои и понатаму повеќе сакаат да искажат став физички, со сета душа и тело. 

Зошто ни се допаѓаат приказни за уметници кои станале славни по смртта?

Некои од оние чии имиња ги сметаме за најголеми во светот на уметноста, биле сосема непознати во текот на своите животи. Тоа дека по смртта нивниот талент е сепак признаен ни дава надеж, дека генијалноста кога-тогаш триумфира.

Уметниците ангажирани да создаваат оптички илузии во двете светски војни

„Во љубовта и во војната сè е дозволено“, вели една изрека. Иако тоа „сè“ може да се толкува и вака и така, обидите да се надмудри непријателот не спаѓаат во забранетите нешта.

Познати личности кои ја преживеале пандемијата од пред еден век

Додека светот се соочува со коронавирусот, да се потсетиме на пандемијата на грип од 1918 која зафатила 500 милиони луѓе низ светот, дури и на Арктикот. Се смета дека тој однел 50 милиони жртви, што од овој настан прави една од најсмртоносните епидемии во човечката историја. Голем број славни личности му подлегнале, но имало и такви кои успеале да се извлечат.

Што ги спојува Џон Вејн, Карузо и Дилан?

Денес, 9.11, во Лондон почна серијата мечеви помеѓу актуелниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен и Американецот со италијанско потекло Фабиано Каруана (кој во живо може да се следи тука). Добар повод да видиме кои од актерите, писатели и музичарите сакале и играле шах. 

Човекот кој организираше 250 сликари да нацртаат портрет на неговиот пријател

Брет Јаско и Џон Ригерт се долгодишни пријатели. Обајцата живеат во Питсбург, каде првиот се занимава со графички дизајн, а вториот со сликарство. Но Џон уште од трауматичното детство постојано имал психички проблеми. До моментот кога неодамна посегнал по својот живот.