Таг: тијаго силва

Опасен гест на Тијаго Силва

Сензацијата на годината во Европа која како третолигаш успеа да застане рамо до рамо со ПСЖ и да игра Куп финале, загуби достоинствено со 2:0. Капитенот Силва знаете ли кого повика заедно да го подигнат пехарот? Капитенот на Ле Ербие, Себастијан Флошон. Секоја чест за потегот.

Убаво било да си играч на ПСЖ

Иако не се работи за Реал Мадрид, Барселона или Баерн каде знаеме ѕвездите какви пари млатал, ниту пак за Премиер лигата каде зајдоа со пари, сепак и во француското првенство се вадело добар леб, ама треба да ти се паднат газди Шеици.

Внимавај што зборуваш пред таксист во Париз

Најпознатиот француски спортски новинар Пјер Менес раскажуваше кога последен пат го видел Тиаго Силва. Желба му било да го интервјуира капитенот на ПСЖ и бразилската репрезентација. Па во целиот разговор упадна и таксистот низ Париз.

Солзи, срам и бламажа во кариерата на Тијаго Силва

Кариерата на Бразилецот е исполнета со голем број на трофеи, вкупно 13. Победата на туберкулозата добиена за време на престојот во Русија додека бил член на Динамо Москва му дало поттик да стане еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Двојниците на Тијаго Силва и Давид Луиз

Кога ги гледате на слика ќе помислите дека се Силва и Луиз како мали или па нивните синови. Тоа се уствари Луан и Мурило кои немаат врска со бразилските фудбалери и кои станаа познати на Мундијалот во Бразил. Се појавија и на вчерашниот пријателски дуел меѓу Бразил и Мексико.

Како Силва ја победи туберкулозата и стана капитен на Бразил

Тијаго Силва на 21 година одлучи да ја прекине кариерата по 6 месеци минати во болница заради туберкулоза. Две години подоцна тој стана репрезентативец, а денес е капитен со мисија да го подигне пехарот на Светското првенство во Бразил.

Каратистот Тијаго Силва

Хавиер Пасторе ги направи мајмуни дефанзивците на Челси за конечни 3:1 во 93 минута на синоќешниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, но од трибините имаше камера која не го ловеше голот и радоста на стрелецот.

Незнајкото Тијаго Силва

Капитенот на Бразил јавно кажа на кого му ги дал своите гласови за најдобар фудбалер за 2013 година, но не знаел дека смее да гласа и за свој колега од репрезентацијата.