Таг: тигрес

Во Мексико падна голот на сезоната

Андре-Пјер Жињак е повремен француски репрезентативец. Веќе неколку сезони е главен играч во мексиканската лига. Игра за Тигрес. Синоќа на мечот против Пумас даде три гола од кои третиот му беше тотално луд.

Ти да видиш во Америка како се решава меч од нокаут фаза во ЛШ

Таму додуше реванши се играат, причина повеќе да биде поинтересно, а кога имаме голман херој во решавачки моменти, тогаш драмата не може да биде поголема.

Голман, тебе ти се оди на рочиште за фаулов?

Науел Гузман, битангата што брани за Тигрес, со апсолутна намера го прекршува противничкиот шпиц Едоардо Агире кој на истиот меч му даде 2 гола и го победи 2-1. За оваа снимка ништо чудно да му стигне пошта од суд во сандаче.

За љубителите на драмата, мексикански тим му пушти 2 гола на противникот

Во петокот вечер, во најдобрата мексиканска лига, играа Депортиво Веракруз и Тигрес. Откако цела недела се шпекулирало дали играчите на Веракруз ќе го играат мечот поради тоа што не земале плата со месеци, натпреварот почна и имаше чуден тек. Домашните им пуштија 2 гола на гостите во знак на протест.

Мачка влета во терен и прекина контра на Жињак во Јута

За време на мечот меѓу Ријл Солт Лејк и Тигрес во Лига Купот на Северна и Централна Америка, на стадионот „Рио Тинто“ во Јута една мачка толку брзо упадна во терен што го избегна дури и дриблингот на Французинот Жињак од Тигрес. На крај победија гостите со 0-1.

Глупсон и тупсон во епизодата „Ајде де, се случува“

Во осминафинале на преку-океанската Лига на шампиони, мексиканскиот Тигрес со 5-1 го демолираше Депортиво Саприса од Коста Рика. Првиот погодок на мечот беше автогол а кривци голманот Круз и стоперот Одри Дејвид. Не се знае кој е покрив.

Фантастичен гол на Жињак

Францускиот центарфор Пјер-Андре Жињак растура во мексиканскиот фудбал. Синоќа на мечот кој неговиот Тигрес го доби со 3-2 против Некакса, постигна два гола од кои едниот беше лудница од погодок.

Го паметите ли Жињак? Во неделата даде четири гола во Мексико

Откако реши да замине од француското првенство пред неколку години, се очекуваше дека ќе смени клуб и ќе остане во Европа. Ама Жињак го одбра Мексико за живот и кариера и не погреши.

Ќе да е до ветерот или до голманот, нема трето

Во Купот на Мексико, Тигрес со 5-1 го победил Атлетико Сан Луис, а вториот гол на мечот кој го даде Хавиер Акињо изгледаше чудно.

Мајмунот останува мајмун колку и да го дриблаш

Во фудбалското првенство на Мексико екипата на Леон го победи Тигрес со 1:0, а пред крајот на мечот домашниот играч Андрес Андраде за неколку секунди два пати го понижи гостинскиот бек Хорхе Торес кој немаше што друго па удри.

Ваков селектор за македонските фудбалери

Рикардо Тука Ферети е Бразилец кој речиси целата играчка и тренерска кариера ја минал во Мексико. Во моментов е тренер на Тигрес УАНЛ, тим чиишто играчи не смеат да зуцнат.