Таг: тами абрахам

Абрахам утна шанса, несфатлива за 9-ка

Фудбалерите на Рома со голови во 88-ма и 92-ра ја решија Верона гости со 1:3, откако домаќините се држеа со играч помалку уште од прво полувреме. Тами Абрахам во конкуренција за промашување на сезоната во Серија А.

Да ти намигне еднаш чичо, никој не гледа

Кога само неколку минути ја делеа Рома од прв европски трофеј од формирањето на клубот, Тами Абрахам го искористи еден од најпознатите начини на задржување време, а тоа е симулирањето на повреда. Ама тоа го направи неумешно и се издаде бетер од Бускетс. Реакцијата на коментаторот е хит.

Абрахам си поигра со двајца од Лестер како со мали деца

Вест Хем го пропушти голот на сезоната во Лига Европа, а Рома асистенцијата на сезоната откако Тами Абрахам им го помати умот на двајца чувари на Лестер. Погледнете го ова шоу на мал простор, зглобови му шина на едниот.

Абрахам vs Лоботка во епизодата дојди земи ја ако можеш

Англичанецот висок 190, Лоботка 170, ама висината нека не ве лаже, битка е техниката, а Тами ја игра и го изработи фудбалерот на Наполи како нива во Говрлево.

Мангупски потег на Абрахам, вреден 3 бода за Рома

Првиот пораз за Жозе Мурињо од Верона е минато. Рома повторно им се врати на победите, а мечот на атрактивен начин го реши Тами Абрахам, кој на инсистирање на Специјалниот, го купија од Челси за 40 милиони евра.

Не сум играч на Челси, ама ок ќе се сликаме

Од левата страна имаме доста повозрасен навивач на Челси, а од десната младиот напаѓач на Челси и Англија, Тами Абрахам. Тоест дечкото само многу личи на него, а ферниот негов фан веројатно ќе сфати кога ќе им се фали со фотката на внуците.