Таг: Стивен Бергхуис

Што сакаше да направиш бе пријателе?

Стивен Бергхуис од Ајакс е еден од ретките фудбалери со ваква одлука сам на празен гол. Секој друг овде би ја забил на прва, а тој зема непотребно да ја штопува. Гафот го направи при водство на Ајакс од 2:1, по што Цволе успеа да израмни. За глава се држеше кога сфати каква глупост направи.

Фудбалер на Ајакс со еден удар нокаутираше навивач на Твенте

По пауза од 14 години, Ајакс не успеа да се квалификува во ЛШ и заврши трет во Холандија. По поразот од Твенте во последното коло, голем инцидент се случи пред автобусот на гостите. Навивач на Твенте му дофрлил нешто на фудбалерот на Ајакс, Стивен Бергхуис, а овој импулсивно и без пардон му влезе со силен удар. Потоа се покајал за постапката и се извинувал.

Земи повлечи се од фудбал после глумава

Стивен Бергхуис веројатно е најголемиот срам во историјата на Феенорд и холандската репрезентација. Покрај федерацијата, висока казна треба да му стегне и самиот клуб. Само бокс да си удреше сам на себе ќе беше полошо од ова.