Таг: Стенли Кјубрик

По 60 години пронајдено загубено сценарио на Стенли Кјубрик

Насловот е „Вжештена тајна“ и е толку детално разработен материјал што веднаш по него би можел да се сними долгометражен филм.

Филмски препораки од Кјубрик и Спајк Ли

Стенли Кјубрик со 10 стари филмови, а Спајк Ли со листа од 100 филмови која досега им ја давал само на своите студенти.

Неснимениот филм на Кјубрик за џезот во Третиот рајх

За џезот за време на Втората светска војна, и начините на кои успеал да преживее, веќе пишувавме. За истава тема се интересирал и Кјубрик, кој сакал да сними филм за еден офицер на Луфтвафе, љубител на свинг, кој пишувал за музичките сцени во окупираните градови под псевдонимот д-р Џез.

Приказната зад Кјубриковиот „Наполеон"

Пред неколку дена слушнавме дека Спилберг ќе продолжи онаму каде што застанал неговиот славен колега, и ќе продуцира мини-серија врз основа на сценарио за животот на Наполеон, кое Кјубрик го напишал во 1969. Еве неколку интересни детали за најславниот филм кој никогаш не бил снимен.

Одисеја 2001-ва, направена за 2012-та

"Без разлика колку е бријалијантен Стенли Кјубрик на тема научна фантастика, денес би било невозможно него да го продадеш на кого било. Тој не се вклопува во која било целна група што денешните маркетинг тимови се обидуваат да ја освојат," објаснуваат од Film school rejects.