Таг: стефанос циципас

Госпоѓо, вие цело време имитирате звук на пчела додека сервирам?

Го имаме најјакото комично парче во тенисот кое се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Бен Шелтон на турнирот во Синсинати. Гркот има мака со сервирање, бидејќи некој од зад грб постојано му прави „бззззз“. Пријавува кај судијата, а потоа бара да открие кој е. Се работи за госпоѓа од прв ред, која му призна и му се извини дека нема веќе да го ремети. Еден па ја издаде, покажувајќи ја со прст. Цепки. Инаку Циципас победи 2:0.

Најинтересните моменти од сензацијата на тинејџерот кој го елиминираше Циципас

Третото коло на УС Опен ја донесе една од најјаките тениски битки годинава која заврши со огромно изненадување. 18 годишниот Карлос Алкараз кој е 54-ти на АТП, го елиминираше големиот фаворит Стефанос Циципас, инаку трет во свет во моментов.

На Циципас му прејде во навика да оди во тоалет сред меч, ги нервира ривалите

Противниците го обвинуваат грчкиот тенисер дека наводно се повлекува на подолги паузи за да се допишува со татко му кој му е тренер. Ќе отиде до тоалет и го нема десетина минути.

Неверојатните подвизи и рекорди на Ѓоковиќ - станува ли најголем во историјата?

По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.

Циципас бесно мафташе со рекет, па го закачи татко му

За време на мечот од АТП Купот против Ник Кирјос, Стефанос Циципас во еден момент поради изгубен поен грубо мафташе со рекетот пред неговата клупа каде седеше татко му Апостолос. Циципас дури и го цивна стариот со рекетот, а мајка му, Јулија Салникова се симна од трибините за да го смири синот. На крај Кирјос славеше во три сета после 2 часа и 40 минути игра.

Италијанскиот новинар од епизодата со Ѓоковиќ и претходно имал циркуси

Важи за еден од најстарите новинари кои патуваат по турнирите. На „ти“ е речиси со сите тениски ѕвезди. За овој спорт пишува уште од ’70-те години а има анегдоти со Бекер и со незграпниот Настасе.

Циципас не го освои Австралија Опен, но го освои неговата помала сестра

И покрај големата поддршка од трибините, Гркот Стефанос Циципас загуби во полуфиналето од Рафа Надал со 0:3. Најтажна од сите беше неговата сестричка Лиза која правеше шоу во Мелбурн.

Кој му бил идол на Циципас на 13 години?

Го седнуваат Гркот Стефанос Циципас на 13 години и му поставуваат пар прашања, меѓу кои и за тоа кој му е идол во тенисот.. Поминуваат седум години, оди во Мелбурн и го елиминира својот идол кој се вика Роџер Федерер. Па појака желба немал ни на сон.

Јутјуберот кој го елиминира Федерер и стигна до полуфинале на Австралија Опен

Како мал во школо бил многу повлечен поради што другите деца го сметале за чуден и го задевале. Тоа многу му сметало, а десетина години подоцна тој важи за најдобриот млад тенисер на светот кој пожртвувано собираше средства за помош на настраданите од големите пожари во Грција минатото лето.

Кој е 19-годишниот Грк кој го дрма светскиот тенис?

Стефанос Циципас е новата тениска надеж која во рок од само неколку дена на колена спружи тројца играчи од светската Топ10 листа и вечерва ќе се бори за пласман во големото финале во Торонто.