Таг: спорен пенал

Боливиски анти фер плеј при изведување пенал

Чудни фудбалски ликови ни се појавуваат утрово на интернет. Голман во индонезиската лига смета дека може да брани со раце на цел терен, а пак во прволигашкиот фудбал во Боливија некои мислат дека можат да им прават друштво на пеналџиите. Бесрамниот потег му успеа во продолженијата и неговиот тим успеа да стигне до бод.

Каде има овде прекршок врз Роналдо и колку е релевантен ВАР?

Една сезона не може да помине во италијанско без контроверзи кои обично се случуваат во шеснаесетник. Во оваа спортска среда на удар се средбите Јуве – Џенова и Наполи – Аталанта или поточно оние кои неколку години по ред се јадат за врвот. Де Лаурентис распали по Рицоли, кој е главен на судиска.

И вакви пенали постоеле

Играчов е чуден затоа што не се радува, а голманов е нејасен бидејќи ја гледа ко теле. Изгледа само коментаторите се изненадија. И ние. Ај најди му НЗС на пеналов.

Енис Барди направи пенал против Реал кој доби и втор непостоечки пенал

По играње со рака на нашиот репрезентативец, Реал Мадрид поведе од пенал со 0-1, домаќините потоа израмнија на 1-1 а до крајот клубот од престолнината доби непостоечки пенал за победа.