Таг: словенечка лига

Нова бомба од Бобичанец

Тимот на Мура лесно се справи со давеникот во словенечкото првенство Триглав и го совлада со 2-0. Мечот беше решен уште во прво полувреме а нов прекрасен гол постигна Лука Бобичанец.

Слободен удар на годината во Словенија

На шест кола пред крајот словенечката прва лига можеби е најинтересна во овој дел од Европа. Во борба за титула се три клуба, Олимпија Љубљана (56), Цеље (55) и Марибор (55) кој со 4 победи по ред се врати во игра. Синоќа на мечот Алуминиј - Целје, Митја Лотриќ даде страшно голчиште.