Таг: шминка

Економијата на Сефора

Гигантот за козметика е толку значаен за индустријата што буквално, времето во рамки на таа индустрија може да се смета со пред и после Сефора.

Спасување шминка

Крајно симпатично хоби, што очигледно не е бесплатно со оглед на тоа што треба 3Д принтер и она мало машинче, плус други алатки. Но, ако го снимиш и го ставиш на интернет, само од милионите прегледи се исплати. И алал да им се парите.

Магистерска тема: Шминкање спуштени капаци

После години труд да изведете вратоломии со шминкање капаци (cut crease и слично), ќе ви се види како откровение целово видео. И љубовното обраќање на авторката: „Ве сакам, ама не може.“

Што се прави со „самолеплива лента за лице“?

Ако напишете „face tape“ на Тикток - има што да се види. Шминкерот става тенка, безбојна, леплива лента на страните на лицето и видливо го поткрева и дефинира вратот, вилицата, образите или очите.

Шминка за на родителска

Гранџот се враќа.

Меган Фокс враќа еден тренд што требаше веќе да го заборавиме

Тешко се заборава, ама можевме барем да се преправаме дека не постоел. Сега веќе не можеме - Меган Фокс нè потсети на оние мрачни времиња кога се ставаше коректор наместо кармин и со тоа врати еден куп кошмари од рани 2000-ти.

Моќта на шминката: Адел и НикиТуторијалс

Јутјуберката НикиТуторијалс нејзиниот серијал „Моќта на шминката“ го започна во 2015. Почна со себе, па дојде Ким Кардашијан, па Дру Баримор. За најновата епизода ја има покането Адел.

Винтиџ марамчиња за кармин

Животот на куратор на музеј за шминка не е вообичаен - и еден таков, знае во петок навечер да заглави на иБеј и Етси барајќи винтиџ шминки и додатоци за нив, па во еден момент наоѓа и марамчиња за шминка.

Процес на поправање уништен кармин

Голема е фрустрацијата кога ќе си најдеш омилено парче шминка смачкано или искршено. Тие што користат знаат и за мини-инфарктот што те забодува кога ќе ти падне бронзерот на плочки, или кога ќе го најдеш карминот отворен и згмечен во ташна.

Рутината на Урсула Корберо од Ла каса де папел

Наспроти грубата комплексност на нејзиниот лик од серијата, Урсула Корберо во приватен живот обрнува малку повеќе внимание на нега на кожа. Видеото е од серијалот на Вог каде што најзанимливите жени во светот споделуваат мудрости и цаки за кожа и шминка.

Карминот на Дита фон Тиз

Дита фон Тиз на Marie Claire им покажува како нанесува три нијанси на црвен кармин и зошто е многу важно да користиме молив за усни.

Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

Корејски принцези

Минатата година во Јужна Кореја се потрошени 495 милиони долари на производи за нега на кожата - за мажи.

Еден месец без шминка

Не само шминка, туку 30 дена со комплетна забрана на сите форми на женско тимарење: без креми против брчки, креми за очи, парфеми, депилација, фенирање, исправање на косата. Дозволено е само она што е потребно за најосновните хигиенски потреби. Госпоѓата е 39-годишна новинарка на Дејли Меил.

Жена со илјада шминки

Без да ја коментираме стартната позиција на девојкава, ќе продолжиме кон сите варијанти што таа може да ги извлече од себе. Се вика Таманг Панг и чуда може да направи од своето лице, со малку вештачки трепки и шминка.