Таг: шишкарев

Вардар ја загуби првата битка со Веспрем

Ракометарите на Веспрем ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако вечерва беа подобри од Вардар во првата од трите предвидени борби меѓу овие два големи ривали кои ќе се судрат и во четвртфиналето од ЛШ.

Маестралниот Штербик со најатрактивна одбрана на колото

Во сите три стандардни категории во неделниот избор на ЕХФ има по еден ракометар на Вардар кој три сезони по ред е меѓу најдобрите 8 во Лигата на Шампионите. Арпад Штербик на една минута до крајот ја направи клучната одбрана за победа која е прогласена за најдобра, Алем Тоскиќ со 8 од 8 е избран во тимот на колото, а меѓу петте најубави гола влезе и оној на Шишкарев.

Храбриот Вардар со крената глава се враќа од Барселона

Вардар загуби со минимални 31:30 на гостувањето кај европскиот првак Барселона, која на тој начин го презеде првото место во групата од Скопјани. Кире непрепознатлив со осум промашувања, Горбок постигна девет голови за Вардар. Реваншот во Скопје на 22-ри ноември.