Таг: шанса

Голов корона да не има?

Со овие 10 секунди сакаме да ве известиме дека пред да престане фудбалот, како клуб донесовме одлука на пауза да одиме без примен гол. Зад одлуката стојат голманот, играчите, стативите. Точка.

Пријателе, ти си пиел водка пред фудбал

Втора руска лига, играат Сатурн и Химик Арсенал. Уште не почнат дуелот, домашниот голман Арби Межиев излетува како да е поднапиен, а гостинскиот напаѓач Изотов шутира како веќе да е пијан.

Проблемот е што и на кров не ја нашле

Ја немало ниту кај Ѓоре во двор, ниту под кола, ниту кај пченките. Се претпоставува дека завршила во реката.

Колку е глупо ова кога топката ќе се предомисли

Зимбабве има поштена акција против Уганда и проигрување на место по кое ептен смрди на гол. Но во еден момент голманот се претвора во голем г`злак бидејќи на топката така и се сака.

Г`злаци на денот

Фудбалерите на Интер го добија Наполи 1:0 и тоа со гол во 91-ва минута, а гостите мечот го завршија со два црвени картони. Каква шанса испуштија на крај, ова е неверојатно. Анчелоти занеме. Во ваква ситуација најмногу профитира Јуве кој остана на +9.

Кога не сака - не сака

Игра Вингејт&Финчли против Далвич Хамлет во англиското фудбалско подземје и од една акција не успева да им даде гол.

Приказната за новиот-привремен тренер на Реал Мадрид

Многумина го паметиме како фантастичен техничар и брзо лево крило кое се прослави на „Сантијаго Бернабеу“ а и како човек кој ја почна акцијата за феноменалниот гол на Зидан со Леверкузен во Лига на шампиони.

Корејска несреќа на денот

Да ги погодиш двете стативи со еден удар, а потоа соиграчот твој локум топката која требаше да ја даде мижеечки, да ја дувне во пречка е чудо над чудата. Немале ден овие и точка. Дупло поширок и повисок да беше голот пак ќе го направеа истото. 

Фудбалер од одбрана се претвори во Буфон

Ако на американскиот прволигаш Орландо Сити некогаш му се повреди голманот ич да не му чуе, бидејќи има резервен кој игра во одбрана. По оваа не успешна акција на гостите, тренерот треба да ги носи на вечера и дефанзивецот и голманот. Море што сторивте?

Бени Хил акција во Англиска 4-та дивизија

На мечот Кроули - Акрингтон во англиската четврта дивизија гостинскиот голман Елиот Периш ја потроши целата среќа што ќе му треба сезонава.