Таг: сејду кеита

Падот на Римската волчица во три месеци

Невнимателна одбрана, стерилен напад и безидејност на клупата се причините поради кои „Римската волчица" на 14 кола до крајот веќе заостанува девет бодови зад лидерот Јувентус. Рома испадна од Копа Италија, а многу близу е и до простување со Лига Европа, по ремито со Феенорд минатата недела.

Поранешно „Ел класико“ кошкање

Пепе и Кеита не ги заборавиле грубите дуели кои ги имаа за време на најголемата шпанска пресметка. На пријателската меѓу Реал и Рома во Далас, Кеита најпрвин одби да се ракува со Португалецот, а потоа по еден негов жесток старт, го гаѓаше со шише вода. Римјаните славеа 1-0 со голот на Тоти.

Херојот на Мали од свој џеб ќе ги плаќа бонусите

Фудбалерите на Мали ги израдуваа граѓаните на оваа афричка земја која долги години е погодена од воени конфликти, а поранешниот член на Барселона, Сејду Кеита се понуди да ги плати бонусите ако се пласираат во полуфиналето на АКН.