Таг: Салман Ружди

Дали Салман Ружди ќе ја добие Нобеловата оваа година?

Ќе биде малку апла ако признанието му се додели токму сега, во светлина на неодамнешниот напад врз него од кој едвај остана жив. Од друга страна, можеби токму во тоа и би била поентата.

Стотици писатели ќе читаат извадоци од делата на Ружди во знак на солидарност

Настанот се вика „Во поддршка на Салман“ (Stand With Salman), тој ќе се одржи во Њујорк, а е сличен на она заедничко читање на „Сатанските стихови“ кое се организираше кога беше прогласена фатвата во 1989, а на кое присуствуваа повеќе од 3000 луѓе.

Салман Ружди ќе ја објави следната книга на Сабстек

Познатиот автор одбра да ја стави следната книга на онлајн платформа, надевајќи се дека дигиталното сепак нема да го убие медиумот кој му е омилен - хартијата. 

Вистина, лаги и книги

Распадот на старите сфаќања околу тоа што е реалноста сега е најважната реалност. Светот денес веројатно најдобро може да се објасни во смисла на конфликтни и често некомпатибилни наративи.

Кој е поголем фраер, Сервантес или Шекспир?

Оваа година се навршуваат четири века од смртта на двајца великани на светската литература - Шекспир и Сервантес. Се смета дека тие умреле токму нa ист ден, 23.04. И тоа не е единственото што ги поврзува.

Автобиографија на бившата жена на Салман Ружди

Падма Лакшми е позната по две работи - по тоа што има готвачко реално шоу, и по тоа што му е бивша сопруга на славниот писател. Пред неколку дена таа објави мемоар во кој зборува за интимни детали, меѓу другото и за причините за распадот на нивниот брак.

Кога Салман Ружди го рецитира Дрејк

Кој рече дека славните писатели не можат да се восхитуваат на стихови на рапери? Еве еден од нив, кој иако вообичаено знае да биде зајадлив, си се пронајде, и го пофали она што го прочита од опусот на негов колега по перо. Го замисливме Блаже натеран да чита стихови од Слаткаристика. 

Салман Ружди: „На интернет сите се вознемирени, цело време“

„Тоа беше пред 16 години, ОК е" - одговара Ружди на веќе досадните прашања околу фатвата и дали може слободно да се движи. Повеќе сака да зборува за новиот роман, неговиот 12-ти по ред, а прв по седум години.

Ружди малку се премисли за Твитер

На оваа социјална мрежа има премногу „вистиникавост“ - работи кои интуитивно делуваат како вистинити, но фактички не се. Толпата знае да те повлече и да се најдеш некаде каде не си мислел да појдеш. Плус те мразат ако пишуваш смешни стихови за Кардашијан. Со еден збор, на Ружди изгледа му досади од твитање.

Ружди за Маркес

По смртта на Маркес излегоа безброј текстови, што пригодни, што аналитички, посветени на неговата работа како новинар и писател. Сепак, го одбравме овој на Ружди, затоа што го сместува Маркес во големиот синџир на книжевноста на начин на кој тоа може да го направи само друг писател. 

Дали писателите си го губат времето на Твитер?

Минатата недела Џонатан Франзен повторно плукаше врз Твитер, спомнувајќи негови колеги-писатели кои според него ја потпомагаат културната апокалипса предизвикана од технологијата. Некои од нив се најдоа погодени.

Супер Салман

Актуелниот мемоар на Салман Ружди, „Џозеф Антон", кој ги опишува 9-те години кој тој ги мина во постојано бегство од „фатвата", содржи неколку навистина интересни детали. На пример тоа дека Ружди бил навлечен на - игрици.

Лулај го чамецот!

Ако уметникот се грижи дали ќе биде слободен и утре, тогаш нема да биде слободен ни денес. Ако се плаши од последиците на својот избор на тема, или на начинот на кој ќе ја третира, тогаш неговиот избор нема да биде одреден од неговиот талент, туку од стравот. Ако не сме сигурни во нашата слобода, тогаш не сме слободни.