Таг: раул

Зидан му нема вака асистирано на Раул

Легендарниот шпиц на Реал Мадрид во 2010-та стапна во Бундеслигата и заигра за Шалке. Ова видео не е посветено на него, туку на Хозе Мануел Хурадо кој му даде магична топка. Не се повторуваат вакви асистенции секоја сезона.

Најбрзиот напад во историјата на градското дерби

Кога Раул, Бекам, Зидан, Роберто Карлос и Роналдо не им дадоа на играчите на Атлетико да ја видат топката.

Раул е штит на Реал Мадрид, уметничко дело на мадридизмот

1.063 официјални средби во кариерата, 465 гола, 21 сезона фудбал на највисоко ниво. Раул Гонзалес Бјанко е многу повеќе од овие бројки. Историска личност на Реал Мадрид, икона и симбол на клубот, легенда на модерниот фудбал. Синоќа заокружи точно 40 години.

Висенте Дел Боске - Маркизот на шпанскиот фудбал

Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.

Ретки фудбалски фотографии

Како изгледаше Христо Стоичков со Златната топка, како Шмајхел оди на работа, детето Ариел Ортега во Ривер Плејт и уште неколку необични фотографии од времето.

Кариерата на Раул низ бројки

Со над 1.000 натпревари, над 400 голови и ниту еден црвен картон во кариерата, фудбалот од денеска станува посиромашен без иконата на Реал Мадрид кој играше 21 година фудбал. Во пензија го испратија Американците од Њујорк Космос со кои синоќа стигна до титула во втората лига.