Таг: Рафаел Леао

Знае ли Леао да постигне нормален гол?

Милан ја елиминираше Славија убедливо со вкупен резултат од 7:3. Синоќа славеа 1:3 и сите голови ги дадоа во првиот дел. После ваков удар на голманот му преостанува само да ја гледа топката.

Па добро, не било лошо солово на Леао

Управата на Милан и навивачите треба да бидат среќни што веќе петта сезона имаат играчиште како Рафаел Леао, еден од најдобрите во моментов на негова позиција. Португалецот од генерацијата 1999-та, не знае за нормален гол. Погледнете го што направи во 3 минута на мечот против Аталанта кој заврши 1:1.

Какво мангупиште е овој Леао

Милан го збриша Рен со 3:0 и со една нога е во осминафиналето од Лига Европа. Не се гледаат секој ден голови како овој на Леао.

Киксот на Леао поради кој Милан остана без 3 бода

Фудбалерите на Милан синоќа се изнаиграа и се изнашутираа пред голот на Њукасл и имаа вкупно 25 удари. Но ниту една шанса не успеаа да ја претворат во гол. Рафаел Леао во еден момент ја претера и го изеде срамот.

Од каде го извади овој чудесен удар Леао?

Во дуел еден на еден, со буткање, на паѓање, со неприродна положба на телото, Рафаел Леао успеа да и даде гол на Рома кој наликуваше на ножички. Претходно стрелаше и Жиру од пенал, а домаќините ги поставија конечните 1:2 со голот на Спинацола во 92-ра минута. Милан има 3 од 3, а во следното коло ќе го игра градското дерби.

Големите шанси на Леао и Џеко и фантастичните голмански рефлекси на двете страни

Рафаел Леао и Брахим Диаз ги имаа најсериозните шанси за Милан со кои можеа целосно да ги променат настаните во големата полуфинална битка на градското дерби. Веднаш по шансата на Леао, убава прилика за гол имаше и Един Џеко. Сите овие возбудливи моменти се случија во првите 45 минути.

Анри го испофали Леао со акцент на одличната игра во одбрана

По пласманот на Милан во полуфинале, Рафаел Леао го вклучија во студиото во Лондон каде анализа за мечот правеа Тиери Анри, Андриј Шевченко, Џејми Карагер и Мика Ричардс. Ќе падне и смеење.

Против Леао тешко се излегува на крај еден на еден

Дефинитивно еден од најдобрите играчи во шампионскиот тим на Милан кој дефинитивно заслужи поголема минутажа за Португалија во Катар. Допрва му претстојат блескави моменти на ова момче, од генерацијата 1999-та. Не даде само гол на гостувањето против Салернитана на кое победија 1:2. Пазете го и потегов.

Леао е претплатен само на мајсторски голови

Опасно делува оваа селекција на Португалија. Ја потопи Швајцарија 6:1 со Роналдо и Леао на клупа. Ѕвездата на Милан влезе во 87-ма минута и направи соло масторија за спектаклот да биде уште поголем.

Двете големи промашувања на Леао

Фудбалерите на Милан кикснаа на гостувањето против Торино од каде се вратија со пораз од 2:1, кој ги оддалечи 6 бода од Наполи. Пиоли го извади Рафаел Леао на полувреме, кој уште во воведните 5 минути реагираше многу лошо пред гол и тоа сам на два пати.

Сторијата за Леао, поврзаноста со семејството, недисциплината и првата плата

Врската на Рафаел со неговите е блиска и многу силна. Меѓу нив има гестови на великодушност и почит. Ама кога не слушал, јадел воспитни.

Леао мајсторе сакаше да ја нафрлиш или?

Додека во Унгарија и Словачка синоќа почна турбо ракометната програма, во Купот на Италија се играа две осминафинални средби. И двете траеа по 120 минути, а елиминирани беа Елиф Елмас и Горан Пандев. Наполи - Фиорентина 2:5 и Милан - Џенова 3:1.

Кој пукаше во Леао?

Прв пораз на Милан сезонава кој без неколку првотимци беше немоќен против шампионот на Италија. Немоќта беше видлива и кај Леао кој се обиде да изглуми пенал. Бернандески му го почеша грбот, а овој се струполи како на Кантер Страјк. 

Леао од Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А

Фудбалерите на Милан продолжија со победите , а на мечот со Сасуоло го постигнаа и најбрзиот гол во историјата на Серија А.

Леао со потег „овој ли е тој Хакими“?

Предовдени од ѕверот Златан Ибрахимовиќ, фудбалерите на Милан го победија Интер со 2:1, а меѓу подобрите на теренот во црвено-црн дрес беше и Португалецот Рафаел Леао.

Леао си играше мајтап со чуварот

Милан игра во врвна форма по паузата и има скор од 6 победи и 2 нерешени, а синоќа ја декласираа Болоња со 5:1. Малиов ќе им го биде, има сенс за фудбал и веќе неколку пати покажа сезонава што мангуп е во шеснаесетник.

На Леао му е најјако

Кога Рафаел се родил, Златан ја почнувал кариерата во Малме, а кога Рафаел пак ја почнувал кариерата, Златан играл за Манчестер Јунајтед со 18 годишен славен и трофеен фудбалски багаж.

Златан растура и на 38 години, не му требаше многу да почне да го вади Милан од криза

Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.

Поочаен напад Милан немал во историја

11 гола на 11 меча може да имаат само клубови од долниот дел на табелата, но не и Милан. Росонерите се до толку слаби во напад, што Болоња, Сасуоло, Лече и Џенова кои се под нив на табела, имаат подобра реализација. Несфатливо.