Таг: пронајдоци

Изумите изродени од научна-фантастика

Големите еуреки често доаѓаат ненадејно, но тие решенија бараат добра информираност околу сложениот проблем. За некои иноватори, во информирање спаѓало и читањето научна фантастика. Додека чекаме некој да пронајде начин да се телепортираме, ѕирнете ги овие неколку случаи, каде приказните испаднале пророштва што подоцна и се оствариле. 

Без климатизери модерната економија не би постоела

Нова книга за најголемите изуми во историјата го објаснува револуционерното влијание врз економијата на 50 пронајдоци, меѓу кои ралото, бодликавата жица, хартиените банкноти и системите за климатизација.

Оживеани детски пронајдоци

За британскиот дизајнер Доминик Вилкокс и неговите чевли што си го знаат патот до дома пишувавме претходно тука. Тој има нов проект кој се вика „Пронаоѓачи", а во него учествуваат 450 деца од неговиот роден град Сандерленд.

Патентираните пронајдоци на Марлон Брандо

Славниот актер бил редовен читател на Scientific American, имал голем број креативни идеи, а некои од нив успеал и да ги патентира. На пример нов тип конги, кои лесно се затегнуваат.