Таг: прием на топка

Каква ЛШ, погледнете го ова лудило

Поминаа 16 средби од првото коло во Лига на шампиони, ама никој не може да се пофали со вакво ремек дело. Од академијата на Ридинг се појави магионичар. Прием - дриблинг - завршница. Па овој не е нормален што сè направи во едно и како го изведе тоа.

Најбезобразниот прием на топка се случи во Казахстан

Секоја чест на сите карате потези на Златан, ама на ова ремек дело сигурно и тој би бил горд. Овде и самиот играч можеби по малку не е свесен каква чудесија од потег направи, а тој па што го чува е комедии. Појма нема каде е топката.

Што лепак ќе имаше на нога овој Мата

Топката лета во вис, мислиш кај некој гледач во раце ќе заврши и наеднаш паѓа мирно и сталожено благодарение на левицата на Хуан Мата. Публиката во транс. Па во бара да паднеше немаше да се залепи вака.