Таг: предраг рајковиќ

Најлудата одбрана на месецот ја има Предраг Рајковиќ

Што ти прави гол технологијата која мери со милиметри, ама и голманската упорност на Србинот Рајковиќ од Реимс кој ја скроти топката во последен, ама ептен во последен момент. Инаку голот не важи од вториот обид. Офсајд имало.

Каде оди фудбалот со вакви пациенти?

Таман ќе ја објавиме глумата на денот, колото или месецот, па ќе дојде друга, па трета и без разлика што секој им го гледа срамот, тие не само што не се поправаат, туку се натпреваруваат кој ќе излезе поголем плачко односно лажго. Последната епизода е на голманот на Макаби Тел Авив, Предраг Рајковиќ. Срамота.