Таг: плетење

А го видовте ли олимпискиот шампион што плетеше во сала?

Додека го гледаше женското финале на скокови во вода во дисциплината 3 метри, и самиот олимписки шампион во скокови во вода, Британецот Том Дејли си плетеше на трибини и стана хит во Токио.

Плетење, финска олимписка мантра

Финска е една од земјите на кои не можеш да им го фатиш крајот, од една страна претседателот и премиерот имаат свои официјални сауни, од друга страна земјата има најголем број хеви-метал бендови по глава на жител во светот, додека во исто време експериментираат со задолжителен приход за секој човек, а во јазикот немаат идно време. На ЗОИ спортистите од оваа земја покажаа еден свој фетиш.

300 бесплатни книги за рачна работа

Универзитетот Саутхемптон има посебна референтна библиотека за она што со векови се сметално за женски марифет и обврска. Книги, каталози, шеми, списанија, можеби и понекоја Бурда. Сè што треба денес е прстите навикнати на типкање на тастатура, или на ракување со моторцангла, да се превоспитаат така за да држат чингелаке.

Вагинално плетење

Таман на време за празниците и за студовите кои следат, еден малку порадикален метод на изработка на шалчиња, ракавици и пуловери. Ако сте женско, сè што ви треба е волница и игли. Друго си имате.

Норвешка, земјо моја

ТВ понудата во една земја истовремено е и креатор и одраз на колективниот темперамент и масовниот (не)вкус. Балканот сака интриги и семејни драми па е окован во турски и индиски серии. А пазете ја Норвешка: планираат маратонски риалити програм во кој вредни жени Норвежанки - ќе плетат. Зен.