Таг: Петар Атанасијевиќ

Голот на Атанасијевиќ влезе во топ 5 на денот

И од вториот натпревар на македонската ракометна репрезентација на ЕП, ЕХФ издвои погодокот кој го смести во најтрактивните 5 на денот. Тоа е голот на Петар Атанасијевиќ кој се најде во друштво на Душебаев, Борозан, Костер и Oдин Тор Рикардсон.

Сите 32 гола на неверојатниот Атанасијевиќ постигнати на еден натпревар

Петар Атанасијевиќ постави нов рекорд во машкиот ракомет откако успеа да постигне, верувале или не, 32 гола на мечот против Шампион во Купот на Македонија. Еурофарм Пелистер ја доби средбата со 57:16, а левото крило му го сруши рекордот на Златко Димитровски од 31 погодок во дресот на Тиквеш против Куманово.