Таг: песна

„Европо, срам те било!“

Откако се замери со Израел и неговите сојузници заради песната „Она што морам да го кажам", нобеловецот оди чекор понатаму - сега се става на страна на Грција, нарекувајќи ја европската политика кон неа „срамна".

100 години од раѓањето на Вретакос

Од утре, 24. до 27. мај во Солун се одржува саем на книгата. Почесна земја-гостин е Србија, а со посебни манифестации ќе биде одбележана стогодишнината од раѓањето на еден од најголемите грчки поети, Никифорос Вретакос.

ЕКВ пее, караванот врви

Сабајлево сфатив дека постои снимка од настап во живо на ЕКВ од 1994 на Канал 103, и тоа некако ми го обои денот. Особено оваа - прилог кон постоечките преводи на нивните песни.

„Доста е“

Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.

Кога Чаплин се засакал себеси

Чарли Чаплин, роден на денешен ден пред 123 години, кога полнел 70 си напишал роденденска песна. Таа зборува за созревањето, едноставноста и љубовта кон себеси. Само едно нè загрижува: ќе мора да чекаме до 70 за да се засакаме?

Гинтер Грас и израелските нуклеарки

Добитникот на Нобеловата за литература, германскиот писател Гинтер Грас, не престанува да бранува во политичките води. Откако по шест децении го обелодени своето учество во единиците на СС трупите, што беше повод за иницијативи големата награда да му се одземе, сега низ стихови го критикува Израел, но и актуелната германска политика кон оваа земја.

Есен во Скопје

Денов нè затече со неговиот намуртен лик, па решивме да му го возвратиме ударот - кој тебе со пролетен дожд, ти нему со француска шансона.

Бродски за #љубов-та

Денешниот, понеделнички наплив на #љубов на Твитер, нè потсети на песнава. Просто човек да посака да го регрутираат, или да е во апс. 

„Не се сезоните само календар, има едно чувство на пролет“

Постои пролет, со сите нејзини физички манифестации - мирисни зумбули, бистар видик, славеи. Но има и една поинаква пролет, поттикната од оваа првата: внатрешно разденување, оптимистичен полет, убавини. 

„Ти си мој начин на топло"

На 14. март беа одбележани 80 години од раѓањето на поетот, режисер, сликар и новинар Мирослав Мика Антиќ, уште познат и по антологиската боемска - „Чика Јова деци, чика Мика Антиќ два деци". Во Културниот центар на Нови сад во тек се „Деновите на Антиќ". Ние се придружуваме на одбележувањето на годишнината со една пролетно љубовна, и топла.