Таг: паралимпијада 2016

Путин жали за суспензијата на руските паралимпијци

Претседателот на Русија на приемот на руските олимпијци од Рио изјави дека одлуката за забрана за учество на руските паралимпијци во Рио е неморална и цинична. Целата руска паралимписка селекција на 7. август беше суспендирана од Меѓународниот паралимписки комитет поради свесна поврзаност на државата во допинг програмот.

Врвната реклама за Паралимпијада 2016 во Рио

Паралимпијадата Рио 2016 започнува на 7. септември со церемонијата на свеченото отворање и ќе трае до 18 септември. Ќе се одвива на легендарниот стадион Маракана, ќе учествуваат 175 земји а комплетните Игри ќе имаат 526 настани.