Таг: откритија

Mинатата година се откриени 351 нови видови суштества на планетава - најбројни се осите

85 нови видови оси се помеѓу 350 нови видови инсекти и животни идентификувани во 2022 од Природонаучниот музеј во Лондон, а научниците велат дека следната година бројот се очекува да биде уште поголем.

Изумите изродени од научна-фантастика

Големите еуреки често доаѓаат ненадејно, но тие решенија бараат добра информираност околу сложениот проблем. За некои иноватори, во информирање спаѓало и читањето научна фантастика. Додека чекаме некој да пронајде начин да се телепортираме, ѕирнете ги овие неколку случаи, каде приказните испаднале пророштва што подоцна и се оствариле. 

99 фасцинантни наоди од 2021

Археолошките и културните откритија изминатата година барем привремено ни го одвлекуваа вниманието од пандемијата и купот други проблеми со кои се соочуваше светот. Смитсонијан објави дури 99 такви, организирани по категории, од исчезнати ремек-дела, кралски богатства, магични бродови до мистериозни и волшебни артефакти поврзани со обреди за коишто малку знаеме. 

Виролозите кои докажаа дека не се луди

Во втората половина на 20 век, група научници се опседнале со необично семејство вируси за коишто сметале дека предизвикуваат рак. Но нивните колеги ги одбегнувале како да се нетокму.

Што има Истокот откриено пред Западот?

601 година - Сонцето е центар на Соларниот систем
768 година - Сулфурна и солна киселина
815 година - Денешните бројки
822 година - Еволуција
831 година - Обемот на Земјата