Таг: острови

Помогни ѝ на Грција, купи остров

Една од кафанските логики за тоа зошто Грција никогаш нема да пропадне е - има илјадници острови, сто да продаде ќе се спаси. Ако ја прескокнеме целата економска логика, макроекономските сили и здравиот разум, и одиме по оваа линија за спас на земјата, тогаш ова најевтиниот придонес за да ѝ се помогне.

Како да купиш грчки остров

Најнов сопственик на остров во Грција е Екатерина Риболовлева, 25-годишната ќерка на рускиот милијардер Дмитри Риболовлев. Од неодамна нејзин е островот Скорпиос, кој го купи од внуката на Аристотел Онасис. Се претпоставува дека цената е 158 милиони долари.