Таг: олимписки игри

Лондон 1948 - Лондон 2012

Британската престолнина е првиот град кој бил домаќин на три Олимпијади (1908, 1948 и 2012). Да погледеме колку Олимписките игри се промениле од последниот пат кога Лондон бил домаќин пред 64 години.

Чии се 100-те медали на Србија?

Нашиот северен сосед го прослави 100. медал освоен на Олимписките игри, наследувајќи ги и медалите освоени од сите спортисти од СФРЈ, па сега на пример златниот медал на Шабан Трстена од Лос Анџелес и е припишан на Србија.

Фелпс е најуспешен олимпиец на сите времиња

Со победата на штафетата на САД на 4х200 метри слободно, пливачот Мајкл Фелпс стана најтрофеен олимпиец на сите времиња со 19 освоени медали на Олимписките игри.

Најдобрите палења на Олимпискиот оган

Првиот олимписки оган бил запален на игрите во Амстердам во 1928-та година и од тогаш овој чин претставува наголемиот спектакл на отворањето на Олимписките игри. Во исчекување на вечерашниот спектакл, да погледнеме неколку од најдобрите палења на олимписките пламени во историјата.

Пјер де Кубертен се превртува во гроб

Замислата на таткото на модерните Олимписки игри во 1896-та година била дека жените треба да се во публика и да им аплаудираат на спортистите. Тој сигурно ни во сон не помислил дека на едни Олимписки игри во иднина би можеле да се натпреваруваат 4.847 жени.

Трудна до заби на Олимписки игри

Малезијката Нур Сурјани Мохд Таиби ќе се запише во историјата на Олимписките игри, но не со остварениот резултат, туку на малку контроверзен начин.

Магијата на 100 метри

Уште само 10 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон. Како и секогаш во минатото, од доминацијата на Џеси Овенс во 1936-та, преку Џим Хајнс, па се до Усеин Болт, кулминацијата се случува со трката на 100 метри. Погледнете ја историјата на овие неверојатни трки.

Олимписките маскоти низ историјата

Запознајте ги Венлок и Мандевил. Овие две еднооки суштества ќе ги гледаме многу често во следниот период затоа што тоа се маскотите на Олимписките и Параолимписки игри кои ќе се одржат во Лондон. А како изгледале маскотите во минатото?

Олимписки секс игри

Второто мото на Олимписките игри е „Тоа што се случува во селото - останува во селото". Освен што рушат рекорди на спортските терени, натпреварувачите за време на игрите рушат и секс рекорди. Најновото издание на ESPN магазинот ги откри тајните на олимпиското село.

Куба е најуспешна Олимписка земја

САД има освоено убедливо најмногу медали, но со пресметување на коефициент според бројот на медали, бројот на жители, БДП и животен век на населението, најуспешна држава на Олимписките игри е Куба. САД ги нема ниту во Топ 10, а на четврто место се Бугарите.

Со коњи да не тропате

Да имаш среќа да бидеш единствената жена од Саудиска Арабија на која државата ќе и дозволи да учествува на Олимписките игри во Лондон. И да имаш несреќа коњот кој треба да го јаваш - да ти се расипе.

Еден факел, 8.000 носачи, 70 обезбедувачи

Факелот за Олимписките игри во Лондон ќе помине 12.875 километри, ќе го носат 8.000 луѓе, а ќе биде обезбедуван од 70 специјалци.

Метро станиците во Лондон со имиња на спортисти

Ако во скоро време се возите во метрото на Лондон, немојте да бидете изненадени ако треба да се симнета на станицата Мајкл Џордан.

Од бордел до Олимписки игри

Познат макро или културно кажано сопственик на агенција за изнајмување на придружнички од Нов Зеланд, ќе ја претставува својата земја на Олимписките игри во Лондон.

70 специјалци ќе го чуваат олимпискиот факел

Параноичните Британци ќе ангажираат 70 специјалци кои 12 часа на ден ќе трчаат со носачите на олимпискиот факел со цел да спречат можни диверзантски акции.

Нема ракување на ОИ

Олимпискиот комитет на Велика Британија ги послуша препораките на лекарскиот тим и советуваше своите спортисти да не се ракуваат со противниците за да се избегне пренесувањето на вируси и разни болести.