Таг: његош петровиќ

Његош лансираше ракета за најубав гол на колото во Европа

Црвена звезда со 0-2 го победи Гент во Белгија во групната фаза од Лига Европа. Првиот гол на овој меч падна во 53' секунда и е еден од најбрзите во историјата на ова натпреварување. Његош Петровиќ распали со сета сила од 30-ина метри и топката под пречка влезе во гол.

Проектилот на Његош

Легендарниот Дејан Станковиќ го имаше своето тренерско деби и ќе го памети по победата на неговата Црвена звезда над Чукарички од 0:2. Шампионот на Србија со брзи два гола го реши мечот, а вториот погодок, дело на младиот Његош Петровиќ беше проектил.