Таг: Ник Кејв

Романот „Смртта на Бани Манро“ на Ник Кејв ќе стане серија

Мет Смит, ѕвездата на „Доктор Ху“ и „Круната“, ќе ја продуцира и ќе глуми во мини-серијата базирана на книгата на Кејв од 2009, за трговски патник опседнат со секс, кој во еден момент станува самохран татко и мора да се грижи за својот 9-годишен син. Едвај чекаме пролет.

Бизарното сценарио на Ник Кејв за Гладијатор 2

Расел Кроу го замолил Кејв да напише сценарио за нешто што можеби, а можеби и не било сериозно земено предвид за продолжение на славниот филм на Ридли Скот, кое е планирано за 2024. Без оглед на тоа, текстот останува да сведочи за креативноста на мислата на музичарот-писател.

Што мисли Кејв за песната напишана од Чет Џи-пи-ти која му го имитира стилот?

„Имам крв на ангели на дланките/Имам пеколен оган во очите/Јас сум крал на амбисот/Јас сум владетел на мракот“ - вака гласат стиховите на песна генерирана од вештачка интелигенција во стилот на Кејв (нешто слично како обидот за генерирање поезија во стилот на Блаже Конески). Што мисли Кејв за неа?

Букбокс репортажа од Верона: Ромео е мртов, да живее Кејв!

„Ајше и Даут“, „Мариска засекогаш, Миклош“. „Јас и ти“. На ѕидот во близина на таканаречената „Куќа на Јулија“ одамна му е потребно тазе Select All+Delete за да ги собере пораките на заљубените. Тие можеби не се свесни за логиката на ваквата магиска постапка, дека идентификувањето со (фиктивните) Ромео и Јулија можеби и не е најсреќниот план за нивната врска. Но во Верона смртта делува романтично, како Into My Arms на летен дожд среде древна арена. 

Ник Кејв ќе стане тинејџер во цртан филм

Анимираната серија се вика „Пред да станат богови“, а главни ликови се Кејв и шведската рок ѕвезда Тострем, кои како замислени 14-годишни пријатели живеат во Шведска и уживаат во убавината и виното. На режисерот идејата за проектот му дошла на сон.

Ник Кејв ќе објави мемоар за шесте години по смртта на синот

„Вера, надеж и масакр“ ќе се осврне на начините на кои Кејв се справил со очајот по несреќниот случај во кој загина 15-годишниот син на Кејв, Артур.

Ник Кејв во нова онлајн верзија на „Сон на летната ноќ“

Претставата „Сон“ комбинира виртуелна реалност и настапи во живо, а Кејв ќе биде вклучен со глас, во улога на - шума.

Ник Кејв напиша либрето за нова опера

Делото е на белгискиот композитор Николас Ленс, и носи наслов Л.И.Т.А.Н.И.И. Точно тоа што Кејв го пишува целиот живот.

Ник Кејв: „Културата на бојкот е погубна“

Кога некој бојкотира идеја, човек, производ, ама со пренемагање, тогаш подобриот термин би бил „бојкоташење“. Е за тоа Кејв вели дека всушност претставува бегање од соочување со комплицирани идеи. А реалноста има една незгодна особина - колку повеќе ја бојкотираш, толку повеќе ти укажува на своето постоење.

Излегува нов (двоен) албум на Ник Кејв!

Главна тема на „Гоустин“ е „дух кој се сели“ од родителите во нивните деца. Уште од сега ни се тресат коски.

Ник Кејв испадна срцка (пак)

Блогот на Кејв станува одличен извор на приказни и комуникација на човекот со светот. Еве ја најновата.

Човекот кој пиел со Леонард Коен, го добил прекарот од Џоан Баез, а сега објавува прв албум со Ник Кејв

Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.

Ник Кејв: Зошто вештачката интелигенција не може да направи одлична песна?

На својот официјален сајт Ред рајт хенд Кејв одговара на одбрани прашања на своите фанови. Некој Петар од Словенија го прашува - Со оглед на тоа што човечката имагинација е последниот бастион на дивината, дали е можно вештачката интелигенција да напише добра песна? Одговорот има врска не само со музика, туку со нашата потреба да сонуваме и да мечтаеме.

Ник Кејв: Љубовта е тагување

На сајтот The Red Hand Files обожавателите на Ник Кејв можат да постават прашање, а тој да одбере на кое ќе одговори. Во најнова таква преписка зборува за комуникацијата со духовите на оние кои ги сакаме.

Почина Конвеј Севиџ од „Бед сидс“

Австралискиот музичар, долгогодишен пијанист во бендот на Ник Кејв, почина на 58-годишна возраст после кратка битка со тумор на мозок.

Гладијатор 2: најчудното продолжение кое никогаш не било снимено

Еден од филмовите во историјата на кинематографијата кои НЕ оставаат простор за двојка/тројка итн. е секако Гладијатор на Ридли Скот. Па сепак...

Ник Кејв како воинот на коњ

Не знаеме дали ќе му стават плочка, но наскоро во градот Варакнабил во Австралија ќе се издигне статуа на славниот музичар качен на коњ и прекриен само со „прометејски“ чаршаф. Знак дека не сме толку лоши во извезување идеи, кои додуша никој не признава дека се наши.

„Уште еднаш со чувство“ (One More Time With a Feeling, 2016)

Има еден момент во овој тежок но убав документарец, снимен откако Кејв го загуби синот Артур, во кој тој зборува за „еластичноста“ на времето по доживеана траума. Како да си врзан со гумена лента за трауматичното искуство, ја влечеш како што Сизиф го туркал каменот, но колку и да успеваш да се оддалечиш од него, во еден миг снеможуваш и лентата те катапултира назад. И потоа, од почеток. Филмот, и албумот на чиешто снимање е посветен, е такво ризично играње со катапултот на емоциите, при што секој си ја влече својата лента.

Ник Кејв: „Нашите животи се како ѕвончиња на ветер“

Денес, 5 мај, излегува компилацијата „Прекрасни суштества: најдоброто од Ник Кејв и Бед сидс 1984-2014“. По тој повод Кејв даде интервју за Гардијан, едно од ретките по смртта на неговиот син, кој падна од карпа во јули 2015 под дејство на Ел-ес-ди.

Kнига со приказни за големи деца од Ник Кејв, Том Вејтс и Бон Ајвер

„Приказни за начини и средства“ (Stories for Ways and Means) не е баш типична сликовница. Со оглед на тоа кој ја пишувал, тука има и чудни слики, и „мрсни“ зборови, и откачени приказни. Ама приходот од продажбата оди кај деца на кои им треба помош.

„Пики Блајндерс" (2013-)

Сигурно ви се случило некоја серија да ве бендиса, па така при срце да ви прирасне и музиката од неа. Ама да почнете да гледате серија заради саундтракот, и така да се навлечете на содржината? Е, и тоа го има.