Таг: немири франција 2016

Неколку видеа од протестите низ Франција

Французите протестираат затоа што владата сака да прави одредени измени во законот за работни односи. Измени кои се некако многу повеќе во корист на работодавците, меѓутоа се сметаат за неопходни за земјата да може да напредува во однос на конкурентност на економијата. Сами по себе измените не се ништо драконско, и би ја доближиле Франција до правилата на пазарот на работна сила што веќе одамна се воспоставени во Британија.