Таг: нба финале 2015

Финалната нота на НБА со најдобра симфонија

„Не знам, но за мене ништо не си постигнал ако си загубил. Не е важно дали играм во Мајами, во Кливленд или на Марс", изјави Леброн Џејмс откако не можеше сам против оркестарот на Голден Стејт предводен од маестро Стив Кер.

Голден Стејт е новиот владетел во НБА

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се нови НБА шампиони, откако синоќа го совладаа Кливленд и ја затворија серијата со конечни 4-2 во победи. Андре Игудала МВП на финалната серија.

Леброн Џејмс нема раат од Андре Игудала

Нема да освои МВП, но неговиот тренер веќе го прогласи за најголем адут во финалната серија. „Против Леброн секогаш носи најдобри одлуки, за што сведочат и 7-те асистенции и ниту една загубена топка", изјави Кер за Андре Игудала.

Голден Стејт поведе со 3-2 и е на чекор од титулата во НБА

Четири натпревари Кливленд Кавалирс се потпираа на надчовчеките офанзивни способности на Леброн Џејмс, а синоќа на петтиот натпревар конечно и Стеф Кари покажа зошто е МВП и го доближи Голден Стејт до првата титула после 40 години.

Контра удар на Вориорс, убедливо до 2-2

Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го сведат Леброн Џејмс на само 20 поени и лесно го вратија брејкот во финалната серија против Кливленд Кавалирс.

Трипл дабл на Леброн Џејмс за 1-1 против Голден Стејт

Предводени од Кралот Џејмс, кошаркарите на Кливленд успеаа да стигнат до брејк на вториот гостински дуел против Голден Стејт и да израмнат на 1-1. Очајниот шут на Кари го пресуди мечот, во среда се игра третиот во Охајо.

Триумф на Голден Стејт, Кливленд го загуби Кајри Ирвинг

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во големото финале, откако синоќа после продолжението го совладаа Кливленд Кавалирс 108-100. Леброн Џејмс не можеше сам против тимската игра на Воините кои ги поделија поените. Ирвинг се повреди во финишот.

Let's get ready to rumble!

Најдоброто ниско крило на сите времиња против најдобриот шутер на сите времиња. Досега невидено атрактивната и иновативна игра на Вориорси против Леброн и дружината кои се решени да пишуваат историја. Никогаш со такво нетрпение и спортска љубопитност не сум очекувал да започне финалната серија.