Таг: нба 2018/2019

Генералниот менаџер на Голден Стејт се расплака поради повредата на Дурент

И покрај сите неволји со кои се соочија, Вориорси на мускули го совладаа Торонто на гости 106:105 и намалија на 3-2 во финалната серија. Скапо го платија триумфот, зошто тешко се повреди лидерот на екипата.

Култните Вејд и Новицки ги одиграа последните средби пред своја публика

Уште две легенди со кои пораснаа многу генерации го истрчаа последниот круг пред своите навивачи, во салите во кои освојуваа трофеи, славеа победи, признаваа порази. Крај на кариерата за Дирк Новицки и Двејн Вејд.

Гужвата на мечот Јута - Денвер

Кошаркарите на Јута ги совладаа Нагетси со 114-108 а мечот изобилуваше со гужви, турканици, тепачки и шлаканици.

Стани Бобан, магаре едно

Бобан Марјановиќ е еден од најголемите шегобијци во НБА. Последно што направил е синоќа кога дошол на натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс на квадроцикл. Неговите Клиперси изгубија 117-121 а српскиот репрезентативец не влегуваше во игра.

Никола Јокиќ направи маалска фора и ја крена публиката

Српскиот репрезентативец игра страшна сезона. Синоќа во триумфот на неговиот Денвер против ЛА Клиперс го оствари петтиот трипл-дабл во сезоната: имаше 18 поени, 14 скока и 10 асистенции. Ама еден потег посебно ја импресионираше цела сала.

34 врвни моменти за 34-годишниот Леброн Џејмс

Како вчера да беше кога го избраа на драфтот, а денес веќе 34-годишен и натаму важи за најдобар играч во НБА лигата а со тоа и на светот. „Кралот“ Леброн на 30 декември наполни 34 години.

Маалска акција во НБА собра милиони прегледи

Синоќа Филаделфија 76’ со 119-113 го победи ЛА Клиперс а еден момент од мечот масовно се споделуваше на социјалните мрежи, иако не станува збор за нешто невидено досега.

Искрена детска реакција кога го виде Стеф Кари

Во претходните неколку вечери во НБА се одигра новогодишното коло. Шампионот Голден Стејт играше против Феникс Санс а на едно дете му се остварила новогодишната желба уште првиот ден.

Расел Вестбрук и фаул во напад за девојчето што ја пее химната

Ненамерно секако. Во НБА за Божиќ традиционално се играат натпревари кои започнуваат со интонирање на американската химна. Пред мечот Хјустон Рокетс - Оклахома Сити, некогашниот МВП од Оклахома, Расел Вестрбук случајно ја собори на земја 15-годишната Сара Грејс која се спремаше за химната.

Кошаркар на Минесота удираше блокада со патика во рака

Минесота тргнува во напад против Сакраменто. На Таџ Гибсон во еден момент му лета патиката. Ја зема во рака и го брани нападот на Сакраменто. Па дури и скока со патика и успева да му удри банана на Немања Бјелица.

Ни Чикаго да те брани, ни Феникс да те храни

На мечот Булс - Санс имаше вкупно 240 коша. Славеа Булси со 124-116 а секој оној што типувал плус на поени се смешкал кога видел каква одбрана се играше на мечот.

Нова фешта на Дерик Роуз

Човекот кој пред неколку дена постигна 50 поени на еден натпревар во НБА, синоќа поставил нов личен рекорд - 7 погодени тројки. Роуз во поразот од Лејкерс имаше 31 поен, три скока и пет асистенции.

Најјако забивање на вечерта во НБА - Грк преку Грк

Јанис „Greek-freak“ Адетокумбо продолжува да ги понижува противниците во НБА. Кошаркарот на Милвоки Бакс е можеби најголем претендент за наградата МВП сезонава и тоа веќе после 9 меча.

Леброн дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс

Почна сезоната во најдобрата кошаркарска лига на светот. Голден Стејт на отворањето ја прегази Оклахома а Леброн Џејмс со својот нов тим изгуби од Портланд трејл Блејзерс 128-119. „Кралот“ на дебито имаше 26 поени, 12 скока и 6 асистенции. Прва следна шанса за прва победа ќе има против „ракетите“ од Хјустон.

Главните интриги на НБА драфтот 2018 и сторија за пикот број 1

Фамозниот НБА драфт ќе се одржи вечерва. Генералните менаџери не спиеле со денови, навивачите се спремаат да видат кого ќе одбере нивната франшиза а пиковите ќе излезат дотерани во одела (секако не како во далечната 2003)