Таг: наташа андонова

Велемајсторија на Наташа Андонова со гол директно од корнер

Македонската женска фудбалска репрезентација ја совлада Летонија на гости со 1:4 со што стигна до првата победа во квалификаците за СП. На нашата најдобра фудбалерка, потегов ала Шаќири не и е ниту прв пат, ниту втор, туку трет пат. Два гола од корнер има постигнато и во дресот на Барселона. Царица.

Супер гол на Наташа Андонова за Леванте

Во малото дерби на шпанскиот фудбал, Еспањол и Леванте одиграа 1-1. Резултатот го отвори нашата Наташа Андонова која постигна супер гол и го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

Неготинчанка ќе игра во финале на Лига на шампиони со Барселона

Додека целата планета уште зборува за чудата на Меси и Барселона кои се на прагот од ново епско финале во ЛШ, за највредниот пехар во Европа ќе се бори и женскиот тим на Барса за кој со успех игра Македонката Наташа Андонова.

Каква царица е Наташа, даде гол од корнер ама по втор пат

Што чудна (фудбалска) земја ќе бевме. Скоро 30 години не можеме да стасаме до пласман на едно Европско, клупскиот фудбал ни е тиња, женскиот како да не постои, а сепак имаме велемајстори. Прво Аце, а сега Наташа и тоа два пати. Директно од корнер.

Видео од хет-трикот на Наташа за Барса

Не е лошо кога гледаш наш човек со бројот 10 во Барселона. Кај мажите го носи Меси, кај жените Андонова. Го посрамотија Пардинјес со 9:0 и се пласираа во финалето на шпанскиот куп, а нашата златна девојка постигна три гола и тоа за 13 минути плус нареди две асистенции. Царица е.

Ве поздрави Наташа од корнер

Наташа Андонова е првата македонска фудбалерка која успеа да го повтори ремек делото на Артим Шаќири во Саутемптон. Барселона славеше 4:1 на дуелот против Валенсија, а Андонова погоди директно од корнер. Ќе се памети ова.

Промашување на столетието во женски фудбал

Во Барселона игра нашата Наташа Андонова, а во Гинтра Универзитатес од Литванија девојките кои не чуле за она „моја“, кога повеќе од една оди на топка. Ај што загубија 6:0, што е најголем пораз во женската ЛШ, ама резилов поради кој не постигнаа почесен погодок е многу голем.

Топ 3 гола од слободен удар на нашата нова фудбалерка на Барса

По авантурите во Шведска, Германија и Франција, нашата фудбалска амбасадорка, Наташа Андонова направи бомбастичен трансфер од ПСЖ во Барселона каде потпиша договор до 2019-та година. И посакуваме многу голови и трофеи, па и споредби со Меси. Напред девојко, се потсетуваме на твојата фантастична левица.

Хет-трик за Марио и Наташа

Двајца наши интернационалци се истакнаа со по три погодоци ова коло. Наташа Андонова со Розенгард победи 5:0 и ја славеше титулата во Шведска. Марио Ѓуровски оствари победа со Муангтонг од 4:1 над Чанграи и изби на првата позиција на табелата во тајландското првенство.

Наташа Андонова - врвна фудбалска амбасадорка

Во ситуација кога не го знаеме патот од штикли во копачки, за општата состојба во женскиот фудбал зборувавме со најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова. Ни раскажа за Бразилката Марта, за прославата на титулите во Германија, за митот на Западот, за домашниот фудбал...

Наташа Андонова распали од 20 метри во агол

Нашата најдобра фудбалерка која од 2011 година настапува во Бундеслигата за тимот на Турбине, славеше против Фрајбург со 6:1. Таа го докрајчи противникот со последниот гол на средбата.

Шимиќ им ги скрши срцата на навивачите на Баерн

Ѕвездата на женскиот германски фудбал по осум години верност во Баерн Минхен, од наредната сезона ќе настапува за Турбине Потсдам, еден од најтрофејните женски фудбалски клубови во Германија, каде настапува и нашата репрезентативка Наташа Андонова.