Таг: море

Кога ќе ти рече дека со другарите сака да оди на море

Место објаснувања, пушти му го др. Сафет Кудузовиќ да зборува во твое име. И може на прва да изгледа радикално ама ќе видите дека Кудузовиќ е полн со разбирање и дека тој е за тоа да се оди на море, во јануари или февруари бидејќи „март е веќе касно“.

Стариот морнар кој ја однесе Данска на Светско првенство

Фудбалскиот пат на Оге Хајреде, селекторот на Данска кој е роден Норвежанец е интересен онолку колку што е интересен и неговиот морелопловски пат по Скандинавија.

Колибата наречена желба

Едно од најубавите отварања на врата што можат да ви се случат. Веројатно и едно од најскапите.

Технологија, затоа што домашното воспитување не успеа

Не можејќи да го трпат отпадот што им се лепи по раце, нозе и даски за сурфање, двајца сурфери седнуваат и изработуваат автоматска канта за чистење ѓубре од море / океан. Е сега, кога момциве би направиле исти вакви канти што ќе можеме да ги пуштиме по копно и да жнеат ѓубре во Градски парк, на кеј, на кеј ГТЦ, на Водно, на булевар, покрај пат на семафорите пред Стража, на автобуска, сме решиле 7 од бескрајната низа начини на кои успеваме да ја изгнасиме околината во која живееме.

Море, мори бре

Уште од мали нè учат дека „мори“ и „бре“ се навредливи, и никако не смеат да се користат особено за обраќање кон постари. Синан Гуџевиќ, брилијантен како и секогаш, не само што ни ја покажува славната историја на овие „узречици“, туку и дека тие нè спојуваат како балкански културен простор. Бре, бре..

За поубав Бари не фрлај шише во море

Управата на италијанскиот град Бари смисли добра реклама во борбата против фрлање отпад во морето и загадување на истото. Актери: Навивачите на фудбалскиот клуб Бари. Скандирање: Incivile vattene da Bari (Несовеснику, губи се од Бари).

Здравиот и морето

Исто како што е подобро да си млад и богат, отколку да си стар и сиромашен, така е подобро и да живееш покрај море, отколку во Скопје.