Таг: модератори

Ужасот да се биде модератор на Фејсбук

Доаѓаш на работа гледаш кој ти е таргетот за денот, стискаш копче и почнуваш. На екран се појавува првата содржина. Гледаш што е, носиш одлука, стискаш неколку копчиња, таа ја снемува и се појавува следната содржина, и следната, и следната. А содржината што се појавува се некои од најодвратните работи што ги има на интернет.

Модераторите

Пролистување на 8.000 статуси на ден и отрпнување на детска порнографија се двете искуства со кои Сара Кац го завршува својот стаж како модератор на содржини објавени на Фејсбук.