Таг: младинска лига на шампиони

Судија три пати повторуваше пенал, голман три пати бранеше

Лион немаше претставник само во полуфиналето на Лига на шампиони. Младинците на овој клуб играа во 1/4 финале на младинската лига на УЕФА и изгубија 4-3 од Салцбург. Голманот на австрискиот тим младиот Даниел Антош беше јунак на мечот зошто одбрани дури 3 повторени пенали кои ги изведе еден ист играч.

Осмоодделенец заигра за младинците на Манчестер Јунајтед

Младинците на Манчестер играат одлична сезона во младинската ЛШ. Групната фаза ја завршија со 5 победи и 1 нерешена средба, без пораз. Попладнево победија 1-2 на гости кај Валенсија во натпревар на кој во 75’ минута во игра влезе 14-годишниот Шола Шоретаир кој стана најмлад дебитант во историјата на овој турнир.

Преубав гол на младинец на Јувентус во ЛШ

Николај Баден Фредриксен има 18 години и игра за младинците на Јувентус каде дојде во август годинава од данскиот Нордсјеланд. Игра во нападот и чека повик од Алегри макар во Купот на Италија.

Лука Зидан со кардинална грешка

Помладиот син на Зинедин Зидан, Лука, попладнево реши да го дрибла противничкиот напаѓач на мечот од Лигата на шампионите У19 меѓу Дортмунд и Реал Мадрид и се посрамоти. За негова среќа другарите веќе дадоа три гола, па не беше толку страшно.

Уште од мали ги учат да лажат

95-та минута од мечот Селтик - Валенсија (судијата продолжил 6). При резултат 1:1 напаѓачот на Селтик го напаѓа последниот играч во одбраната на Шпанците кој со ефективен трик изнуди фаул. На крајот му се исплатеше, затоа што Валенсија на пенали победи 4:3 и се пласираше понатаму.

Барса обезбедена за периодот после Меси

Како предигра за дербито Барселона - Рома на Камп Ноу, играчите до 19 години на двата тима одиграа меч со шест голови. Барса водеше 3:0, Рома на крајот израмни 3:3 а играч на мечот беше домашниот Карлес Алења.

Сонуваат пехар за да не мислат на војна

Младинците на Шахтјор Доњецк во петок ќе играат на Фајнал фор на младинската Лига на шампиони против Андерлехт. Тренираат и играат далеку од градот кој со месеци е воена зона во Украина и веруваат дека можат барем за кратко да ги израдуваат сограѓаните.