Таг: мемоар

„Секој за себе, а Бог против сите“: нов мемоар на Вернер Херцог

Пред нешто повеќе од една година пишувавме за дебитантскиот роман на Венер Херцог, „Светот на самракот“, посветен на јапонскиот војник кој 30 години не признавал капитулација по завршувањето на Втората светска војна. Сега славниот режисер има нова книга, овој пат мемоар, под интересен наслов, со уште поинтересни анегдоти кои и да се измислени вредат суво злато.

Била одгледувач на свињи, морнар, коцкар. Сега продава книги на крајот на светот

Рут Шо (75) имала бурен живот, кој вклучува пирати, свињи, психијатриски болници и сексуална работа. Сето ова сега го раскажува во нов мемоар под наслов „Продавачката на книги на крајот на светот“.

По 16 години ослободен погрешно обвинетиот за силување на писателката Алис Себолд

Алис Себолд, најпозната по својот роман „Прекрасни коски“ по кој Питер Џексон („Господар на прстените“) сними филм, во 1999 напиша мемоар во кој клучен момент е силувањето коешто го преживеала во 1981. Сега таа му се извинува на човек кој поминал 16 години зад решетки за дело кое не го сторил. 

Џон Лок - таткото на либерализмот - бил „суетен, мрзлив и помпезен“

Новооткриен мемоар на долгогодишен пријател на филозофот тврди дека „големиот“ Лок всушност бил плагијатор и лажел дека никогаш не го читал Хобс, чии идеи всушност ги презел.

Мемоар за една зима помината на -30 со номадски сточари

Нов мемоар на Ли Џуан, „Зимско пасиште“, неодамна објавен на англиски, е приказна за една зима која кинеската есеистка ја поминала живеејќи со сточари во сeверозападна Кина.

Eзерата како пејзаж, историја и меморија

„Езерото е најубавата и најекспресивната црта на пејзажот“, вели мотото на нова книга на Капка Касабова, „Кон езерото: балканско патување на војната и мирот“.

„Година на мајмунот“: нова книга на Пати Смит

Во новиот мемоар, музичарката и писателка ја опишува 70-тата година од својот живот. Книгата е главно мрачна и тажна, но со голема енергија да се раскаже и така да се преживее.

Нова автобиографија на слеп трговец со уметнички дела

До сега имавме пишувано за слеп режисер и за слеп фотограф. Ова е приказна за слеп дилер со уметнички дела, кој неодамна ги објави своите мемоари.

Објавувањето мемоари е опасно по живот

Си бил тежок криминалец, ги знаеш главните фаци и нивните валкани тајни. Во еден момент решаваш да се повлечеш. Што е најглупото што можеш притоа да го направиш? Да напишеш мемоар.

„Доверливо од Спрингфилд“: нова книга за Симпсонови

Неодамна Симпсонови ја прикажа својата 636 епизода и со тоа стана најдолго прикажуваното телевизиско шоу во американската историја. По скоро 30 години тоа стана институција, како што ретко се случува со која и да е серија.

Пронајден мемоар на Дик Хикок, вистинскиот лик од „Ладнокрвно убиство“

Од објавувањето во 1966, славниот роман на Капоти има доживеано бројни фалби, но и критики. Сега, по вестите за можен ракопис чиј автор е еден од ликовите на „Ладнокрвно убиство“, приказната дополнително се комплицира.

40 години од „Последниот валцер“ - прошталниот концерт на Д Бенд

Додека Американците го слават Денот на благодарноста, една необична приказна за концерт кој се одржал токму на овој ден пред 40 години, на бенд кој се вика - Бенд.

„Паднати ангели“ - новиот албум на Дилан

На 20 мај официјално ќе излезе 37-миот албум на Дилан. Четири дена подоцна тој ќе го прослави 75-тиот роденден. Деновиве на повеќе странски сајтови имаше привремен стриминг на песните, со порака дека се „недостапни во нашиот регион". Божем нема да се снајдеме...

„Зборови без музика“: нов мемоар на Филип Глас

На 78-годишна возраст Филип Глас има доволно живот зад себе за неколку автобиографии. Неговата нова книга е токму тоа - мемоар на четиристотини и кусур страници, со спомени и интроспекции поврзани со неговата композиторска работа.

Сирачето од Сиера Леоне коешто стана балерина

Родена како Мабинту Бангура во 1995, Микела Де Принс минала тешко детство, обележано со воено насилство. Во нејзината нова книга, таа објаснува како од сираче од Сиера Леоне станала една од ретките црни балерини во САД, за којашто допрва ќе слушаме.