Таг: меинстрим медиуми

„Спонзорирано од Фајзер“

Кои се меинстрим медиуми ќе ги чуете во клипот?

Војната на американскиот екран

Ако ние како Американци не сакаме да бидеме очајни како Владимир Путин за да го контролираме секое парче информација, тогаш како не ни е јасно дека блокирањето на РТ во САД и Европа, е исто како и блокирањето на Би-Би-Си и ВОА во Русија, прашува Мат Таиби.

Дали се „документи“ ако го нема Путин во нив?

„Пандора документите“ се најголемото протекување на доверливи документи од некои од најголемите оф-шор локации низ светот, кои содржат 12 милиони документи од 14 компании за оф-шор финансиски услуги. Во сите овие 12 милиони документи ниту еднаш не е сретнато името на рускиот претседател, ама затоа неговиот лик е сеприсутен на насловните на медиумите што ја објавија веста.

Војната на левите корпоративни медиуми против Берни Сандерс

Една од редовните правни аналитичарки што се појавува на Ем-ес-ен-би-си, Мими Рока, за време на една дебата изјавува дека од Сандерс „и се ежи кожата... иако не можам да погодам што точно е проблемот“, и ова ежење отприлика е најточниот опис на ставот на корпоративните меинстрим медиуми кон кандидатот за демократска номинација.

Не е до лажните вести, до медиумите е

Наративот кој следуваше и стана општоприфатен по неочекуваната победа на Трамп на изборите 2016 е дека таа се должи на лажните вести, во добар дел создадени од руски извори, а разгласени и раширени од Фејсбук и Твитер, беа прегледани милиони пати од делот на гласачите кои сакаа да чујат за недоверливоста и одбивноста на Хилари Клинтон. Ваквата смеса потоа само беше распламтувана од новинските сајтови на алт-десницата, во голем дел благодарејќи на информативните балони во кои Американците успеаа да се затворат.

Дали можеш да им веруваш на меинстрим медиумите?

Во едно од најзабележливите видеа по пожарот во Гренфел кулата во Лондон, активистот Ишмаил Благров го "распарчува" репортерот на Скај испратен да пренесува за еден од најкатастрофалните пожари во Лондон. Благров, оправдано преплавен од гнев му порачува "нек се ебат медиумите, нек се ебе меинстрим", за момент насочувајќи го целиот бес "не кон виновниците за пожарот, туку кон оние што пренесуваат за него".