Таг: матајс де лихт

Кикс на Зомер, херојска интервенција на Де Лихт кој спречи чисто водство на ПСЖ

Баерн и ПСЖ одиграа без голови по првите 45 минути, а адреналинот кај навивачите најсилен беше во 38-ма минута, кога искусниот швајцарски голман направи грешка недозволива за меч од нокаут фаза во ЛШ. Му должи пиво на Матајс Де Лихт кој ја извади од гол линија во последен момент.

Чудни се патиштата фудбалски - некогаш му беше идол, сега може да заиграат заедно во Јуве

Уругваецот Луис Суарез е пред вратите на Јувентус каде би дошол откако новиот тренер на Барселона Роналд Куман решил дека за шпицот со богато искуство нема веќе место во тимот.

Матијас затвори тоа тунелот

Вниманието од стартот на годинава во Милан е насочено најмногу кон Ибрахимовиќ, но во последно време се повеќе се истакнува Анте Ребиќ. Хрватот на последните 6 меча даде 5 гола, а погоди и вчера против Јуве. Де Лихт добро ја почувствува неговата форма во оваа игра еден на еден.

Сега и ова ли не е пенал?

11-то коло, трет судиски поклон за италијанскиот шампион за кој сигурно некој повторно ќе пише дека вечна болка ни бил, а ние само објавуваме нешто што не може да се сокрие. Апла е дечки, дај барем сега признаете.

Де Лихт и не е баш Кјелини - 57% од примените голови на Јуве се негови

Кога на крајот од август Џорџо Кјелини ја доживеа можеби најтешката повреда за спортист, скинати лигаменти, во Јувентус очекуваа проблеми, но не го предвидеа опсегот. Противниците на „Старата дама“ открија слаба точка која им проработува дури и кога се бранат против бјанконерите.

Автогол на Де Лихт против Интер за само 10 минути

Еден од најталентираните млади дефанзивци во светот за кој Јувентус исплати 75 милиони евра стартуваше најлошо што може. Ај што си ја закуца, него што е против Интер, па сега жив ќе го изедат по социјални мрежи. Единствена утеха му е што ова е пријателска.

Гуштерите Буфон и Игуаин мораа да пеат песни за новајлии

Иако веќе неколку години се во или околу клубот, со кратки авантури во Париз и Лондон, Џиџи Буфон и Гонзало Игуаин мораа заедно со новите засилувања на Јувентус да отпеат песна - ритуал на иницијација во сите големи клубови.

Јуве за Ајакс, Де Лихт и Рајола дава вреќи со пари

Еден од најгласните трансфери летово и официјално се оствари: Јуве објави дека потпиша договор со 19-годишниот стопер на Ајакс Матеијс Де Лихт кој ги чини „ѓавол и пол“ пари.

Пригодно видео на Ајакс за збогум со своето дете

Младиот стопер Де Лихт конечно стигна во Јувентус. Ќе игра покрај карпите Бонучи и Киелини од кои може многу да научи. Неговиот довчерашен клуб со кој стигна до историско полуфинале на Лига на шампиони се збогуваше со него.

Топ 8 трансфери во Серија А за кои се очекува разврска

Лето е период за трубење, шпекулирање и билдање цени на играчи со помош на освојување простор на насловни страни. Но со оглед на статусот и муабетите за нив, половина сигурно, а можеби и сите овие јаки имиња ќе го сменат дресот.

Почнал со тенис, на фудбал го викале дебел, а сега го спремаат за новиот Кјелини

Кога екстра талентирано дете од 19 години со една перфектна партија ќе ти го уништи планот и целта на сезоната, што ти преостанува следната година? Да го купиш и да бидеш уште појак, исто како со Кристијано Роналдо.

Играта на Де Лихт против Јуве

Внимавајте ова, има само 19 години, а веќе трета сезона игра за првиот тим на Ајакс каде е од предшколска возраст. Згора на сè доверена му е и капитенската лента која никој друг не ја носел толку млад во нокаут фазата од ЛШ. Детево одигра перфектен меч против Јувентус на кој му даде и гол за елиминација.

Стоперот на Холандија уште не се родил кога последен пат ја добиле Белгија

Вечерва во Брисел репрезентациите на соседните земји Белгија и Холандија ќе се сретнат по 127. пат во својата долгогодишна историја а дуелот го следат неколку занимливости.

Стоперот на Ајакс има 17 години и ги води навивачите

Матејс Де Лигт е роден на 12. август 1999-та година, а веќе дебитираше за репрезентацијата на Холандија и е стандарден член на одбраната на Ајакс кој ќе игра во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед. Де Лигт речиси после секој меч ги довикува навивачите од теренот.

Кои се клинците на Ајакс на кои им се доаѓа во Скопје

Да, и ние искрено би сакале на „Градски“ во дуел за Супер Купот да пристигне Манчестер Јунајтед, гигант кој којзнае кога би го гледале во живо. Но така не мислат и децата на Ајакс Амстердам кои го преслушаа Лион и се цврсто решени да ја освојат Лига Европа.