Таг: Макс Верстапен

Како екипата на Ред Бул го следеше последниот најлудачки круг од Ф1?

Последна трка на сезоната, последен круг. Хамилтон води за титула, Верстапен го претркува и „му ја краде“. Возбудата, емоциите и радоста на механичарите пуштени на најјако. Момент во Абу Даби кој ќе го паметат до крај на животот.

На сликава има двајца шампиони на Формула 1

Тој со капата, постариот, е веројатно најголемиот шампион во историјата на Ф1, Михаел Шумахер. Тоа малото жолтото, е најновиот шампион на Ф1, Макс Верстапен. Таткото на Макс, Јос, и Шумахер, едно време беа и тимски колеги во тимот на Бенетон.

Сударот во Ф1 по кој Хамилтон славеше победа, а Верстапен го критикуваше од болница

Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Велика Британија со што стигна до победа број 99 во Формула 1 шампионатот. Трка која беше во прекин половина час поради голем инцидент.

На 17 години ќе вози во Формула 1 за Ред Бул

Холанѓанецот Макс Верстапен ќе биде најмладиот пилот во историјата на Ф1, откако тимот на „Црвениот бик“ соопшти дека од 2015. година тинејџерот ќе му биде партнер на Русинот Даниил Киват.