Таг: леонардо ди каприо

„Уште една тура“ ќе добие верзија со Леонардо ди Каприо

По добивањето на Оскарот, данскиот филм на Винтерберг за алкохолизираните наставници ќе добие и верзија на англиски јазик. Во неа ќе го нема Мадс Микелсен, и тоа е доволно да знаеме дека џабе го прават.

Ќе се снима филм за суфи поетот Руми, а него ќе го игра белец од Холивуд

Дејвид Франзони, авторот на сценариото за „Гладијатор" со Расел Кроу, и продуцентот Стивен Џоел Браун, изјавиле дека сакаат да го деконструираат стереотипното портретирање на исламските карактери во западната кинематографија. Како? Со тоа што Руми во нивниот иден проект ќе го игра - та-нааа - Леонардо ди Каприо!

Ди Каприо, ти отиде оскарот

Во пресрет на доделувањето на Оскар наградите, главниот фаворит Леонардо Ди Каприо би можел да остане со прстот во уста. Главен конкурент му е фудбалерот Бруно Арабал од грчкиот клуб Етникос.

Вистинскиот „повратник" или приказната за Хју Глас

„Човек, ѕвер, светец, маченик, дух" - вака го опишува Инариту главниот лик во неговиот филмски еп, човекот кого историјата го памти како Хју Глас, а американскиот фолклор како супер-херој.